Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“
1Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“
3Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
АвтомобилизамЕлектричното Фиќо, пример за соработка меѓу проект финансиран од ФИТР и странски инвеститорПрезентацијата на автомобилот е точно она што ние го посакуваме да го видиме како резултат од програмите што ги има Владата и во ФИТР и во рамките на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Презентацијата на првиот македонски електричен автомобил создаден од ББ Класик карс е пример за одлична соработка помеѓу проект што е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и странски инвеститор кој веќе почна активности за изградба на фабрика во ТИРЗ Бунарџик, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. -Презентацијата на автомобилот е точно она што ние го посакуваме да го видиме како резултат од програмите што ги има Владата и во ФИТР и во рамките на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Мило ми е што денеска гледам дека веќе се случува во реалноста тоа што беше наша замисла да го видиме како резултат од програмите што ги спроведовме. Овој проект е еден од таквите позитивни примери, изјави Анѓушев. Нагласи дека германската компанија Кеслер, која во изнајмена хала во населбата Илинден има воспоставено мал производствен погон со четириесетина вработени од кои голем дел се инженери, е испорачателот на електромоторот за првиот македонски електричен автомобил. -Кеслер е една од компаниите која во ТИРЗ Бунарџик има закупено простор од 13.600 квадратни метри и планира да го прошири со нови 5.000 квадратни метри. Ја расчистуваат површината за да изградат високотехнолошка фабрика за производство на електромотори, електрични компоненети и електронски компоненти за ЦНЦ машини и за електрични возила. Таму ќе биде сместен и нивниот развоен центар, рече Анѓушев. Изработката на првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г 20 во рамки на проектот „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил Фиќо, со електричен мотор" ја поддржа ФИТР со седум милиони денари, а сопственикот на ББ Класик карс учествуваше со три милиони денари сопствени средства. -Задоволство ми е што денеска може да презентираме еден од привите резултати од Планот за економски раст во третиот столб кој го започнавме 2018 година. Ова е добра идеја која е преточена во конкретен продукт, а одлично е што имаме додадена вредност на целиот проект, а тоа е германски инвеститор што ја препозна можноста во овој продукт да најде свој пазар и свој интерес, изјави директорот на ФИТР Јован Деспотовски. Тој нагласи дека инвестицијата на Кеслер реално ќе помогне да заживее концептот на ББ Класик карс и додаде дека веќе се разговара како може покрај на Фиќо да се примени и на други возила што, потенцира, ќе придонесе во намалувањето на загадувањето на воздухот. Сопственикот на ББ Класик карс, Милорад Китановски посочи дека македонскиот електричен автомобил се изработува заедно со уште 20-тина мали стопанственици, занаетчии, работилници и претпријатија. Директорот на Кеслер, Патрик Тролие нагласи дека до крајот на годинава планираат да ја изградат нивната фабрика во Бунарџик. -Имаме сериозни планови да растеме особено во делот на производство на електромотори и електро компоненети, рече Тролие. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОд Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“Силниот ехо-ритам на македонскиот искон повторно ќе го растрепери срцето на Обединетото Кралство.По точно 76 години од 1950 година — кога Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на Меѓународниот фестивал во Ланголен го воодушеви светот, ја освои првата награда и го запиша митското оро „Тешкото“ во светската уметничка историја — ансамблот се враќа со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд. Настапот во Ланголен во 1950 година беше првото историско претставување на „Танец“ надвор од границите на земјата. Тогаш, ритмичкиот и пркосен скок на „Тешкото“, поддржан од исконскиот ек на зурлата и тапанот, ги испрати британските критичари во восхит и растрепери милиони срца, докажувајќи дека македонскиот фолклорен код поседува универзална уметничка моќ. По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ја носи истата оган-енергија пред британската и меѓународната публика: • Лондон: 16 септември 2026 година • Оксфорд: 18 септември 2026 година Со врвна уметничка прецизност, раскошни автентични носии и богата музичкосценска програма, уметниците од „Танец“ ќе ги изведат канонските ора „Тешкото, „Драчевка“ и низа традиционални вокално-инструментални бисери. „Искрите што беа запалени во Ланголен во 1950 година, кога македонското 'Тешкото' се запечати во срцето на Велика Британија, никогаш не згаснаа. Нашето враќање во Лондон и Оксфорд по точно 76 години не е само симболично затворање на еден голем културен круг, туку и горда потврда дека 'Танец' останува живиот чувар и светски амбасадор на македонскиот идентитет и традиција.“ Оваа турнеја претставува врв на македонската културна дипломатија за оваа сезона, продлабочувајќи ги врските меѓу двете држави и зацврстувајќи го местото на македонското фолклорно наследство во престижните европски и уметнички центри.Тагови: танец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваAERO Street Food Festival уште денес и утре!Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром. Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации. Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата. Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна. Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено. AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание. Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“. Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен. Општина АеродромТагови: AERO Street Food Festival) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во МакедонијаВо периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра. Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој! Дирекција за ТИРЗТагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12