3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
АвтомобилизамЕлектричните полначи на удар на криминалциСтанува збор за измама со лажни QR кодови.Има се повеќе случаи на измама на возачи на станиците за полнење електрични возила во Европа. Имено, станува збор за лажни QR кодови на полначи за електрични возила. Некои оператори користат QR-кодови за да се поврзат со терминалите на платежните картички за да почнат да се наплаќаат. Сега возачите на електрични автомобили се предупредуваат да бидат дополнително внимателни. Измамниците беа фатени како ја заменуваат налепницата со свој QR код. Тој втор код води до лажен терминал за плаќање, кој потоа доаѓа до сметката на корисникот. Вакви QR кодови се пронајдени во последните недели во Белгија, Холандија, Франција, Шпанија, Италија и Германија. Затоа, на возачите им се советува, доколку не се сигурни дека QR-кодовите се реални, првенствено да ги користат сопствените апликации или картичките на операторот за полнење. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото. JAPAN EARTHQUAKE MOMENT pic.twitter.com/qytUMzfCdN — 𝑫 𝑬 𝑿 𝑻 𝑬 𝑹 🇫🇷 (@fenerlitopuria) July 28, 2026 Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени. По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо. Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени. A few minutes ago: The stone walls of Kumamoto Castle collapsed following a magnitude 7.1 earthquake (地震 ) that struck 4 km southeast of Uki, Kumamoto Prefecture, Japan. pic.twitter.com/PwXwldRmIr — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 28, 2026 Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди. ▽防災カメラ 07/28 16:40ごろの #熊本県 各地のライブ映像 熊本 水俣・天草・中央区・八代 28日午後4時27分ごろ地震 気象庁は津波注意報を発表 ▼有明・八代海(予想高さ 1m) ▽【地震】熊本県で震度7 各地の #ライブカメラ (NHK)と雨雲レーダーhttps://t.co/HJcCM2sw4K https://t.co/hnwhAIGtOT pic.twitter.com/a1LjwTaqa3 — ライブカメラ検索マップ (@web_camera) July 28, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гостиПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави:„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook