Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
3Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЖивотЕлектрични тротинети – компромис меѓу безбедноста, екологијата и инфраструктурата Сè повеќе граѓани користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошки начин на превоз што значително ја зголемува мобилноста во градски средини. Сепак, ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, тротоар или друга површина за движење на пешаци, но со ограничување на брзината до 6 километри на час. Во спротивно, возачот на електричен тротинет, кој не се движи по дозволените сообраќајни површини, ќе плати глоба од 80 евра. Согласно измените на Законот за безбедност во сообраќајот од 2021 година, возачот на електричен тротинет ќе треба да плати глоба од 80 евра и доколку не се движи по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во правец на движење на сообраќајот и доколку не користи велосипедска патека кога има таква и се движи по тротоар или пешачка патека. Ако се движи со брзина поголема од 25 км/ч по велосипедска патека или со брзина поголема од 6 км/ч по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, тогаш ќе треба да плати глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност. Електричен тротинет може да се управува со навршени 14 години и во тој случај глобите се изрекуваат на родителот или старателот. Полицијата досега санкционирала вкупно 95 возачи на електричен тротинет Од Министерството за внатрешни работи за МИА посочуваат дека убаво е доколку граѓаните користат возила со кои се намалува загадувањето, но тие мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила. – Сите ние како учесници во сообраќајот мора да бидеме свесни дека мора да ги почитуваме правилата за да на тој начин останеме безбедни, а не за да ја избегнеме казната од полицијата, велат од МВР за МИА. На прашање колку санкции се изречени за лица кои управувале електричен тротинет досега, од МВР информираат дека во текот на 2021 година има санкционирано вкупно 29 возачи на електричен тротинет, додека годинава до 31 октомври се санкционирани вкупно 66 возачи на електрични тротинети на територијата на Република Северна Македонија. Тоа значи дека од донесувањето на законските измени со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот полицијата вкупно има казнето 95 возачи за непочитување на правилата. Согласно член 103 од Законот за безбедност во сообраќајот од 1 јануари 2021 година возач на електричен тротинет ќе добие прекршочен платен налог од 50 евра доколку не носи заштитен шлем на главата, превезува други лица или вечерно време и во услови на намалена видливост не носи рефлектирачки елек. Возач на електричен тротинет, исто така, е должен да управува со него на начин на кој не се намалува стабилноста и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. На возачот кој постапува спротивно на ова ќе му биде изречен платен налог од 50 евра. Во сообраќајни незгоди годишно учествуваат околу 30 возачи на електрични тротинети, секој шести е тешко повреден Според официјалната статистичка евиденција на Министерството за внатрешни работи во просек годишно во сообраќајни незгоди учествуваат по околу 30 возачи на електрични тротинети. За среќа, во нив нема ниту еден загинат и повеќето се со лесни повреди. Во 2021 година вкупно 29 возачи на електричен тротинет учествувале во сообраќајна незгода. Од нив петмина се тешко повредени, а 22 се здобиле со полесни телесни повреди. Иако превезувањето на други лица на електричен тротинет не е дозволено, во сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се стекнал и еден сопатник на електричен тротинет. Бројот на возачи на електричен тротинет кои учествувале во сообраќајни незгоди во 2022 година (заклучно со 31 октомври годинава) е зголемен и изнесува 33. Од нив потешко се повредени четворица, а со полесни повреди се стекнале 27 возачи. Нема потешко настрадани сопатници на електричен тротинет, но затоа полесно повредени се петмина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветПаника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границатаАмерикански шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија. Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот. Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – ПупиПо години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи. „MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика. Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед. Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик. Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување. Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа. Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПетти ден насилни протести во Тирана Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми. Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42