Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
2Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
ЖивотЕко свест -Климатските промени се сериозна закана за нашето здравјеКога зборуваме за климатските промени не смееме да го изоставиме делот на прилагодување кон нив. Во процесот на прилагодување земјите како на национално ниво, така и на локално, развиваат планови за прилагодување со вклучени мерки за да одговорат на влијанијата кои веќе се случуваат, но и ги чувствуваме, како на пример, топење на глечерите, зголемување на нивото на морињата, појава на суша, топлотни бранови, кои водат до зголемена појава на шумски пожари, губење на биодиверзитетот и питка вода. Доколку не ги забрзаме напорите кон адаптација и изградиме отпорно општество, овие влијанија ќе имаат големи негативни последици, како по одржливиот развој, така и до достапноста на храна, питка вода, но и ќе резултираат негативно по здравјето на луѓето – вели Кристина Бужароска, претставник на CNVP – организација која се грижи за одржливо управување со шумите и природните ресурси. На осмиот ден од Националната конференција за клима се разговараше на темата како да се прилагодиме на климатските промени. Преку искуствата на земји од регионот – Албанија и Црна Гора, дознавме повеќе за тоа до каде се овие земји во процесот на справување со последиците од климатските промени. Бужароска истакна дека и да се постигне целта на ЕУ – да се намалат 55% емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, сепак, ќе го чувствуваме влијанието од промените во климата. Новата стратегија за климатска акција има визија до 2050 година да има општество целосно отпорно на климатските промени. -Стратегијата ќе ја исполни оваа визија правејќи ја адаптацијата попаметна, посистемска, побрза и со засилување на меѓународната акција и преку исполнување на целта која гласи, денешните предлози, да го сменат фокусот од разбирање на проблемите кон развој на решенија и да се прејде од планирање во спроведување. Во моментов прилагодувањето кон климатските промени на нашата држава се одвива забавено и потребно е државата да ги забрза процесите за адаптација. Национални документи во делот за клима ни се во фаза на изработка или во нацрт-верзија. – истакна Бужароска. Таа го издвои секторот јавно здравје, односно потребата здравството да биде подготвено за климатските промени, што ја докажа и пандемијата со Ковид-19. -Климатските промени се сериозна закана по човековиот живот и на глобалното јавно здравје, со тоа што ќе го стават веќе оптоварениот здравствен систем - особено во земјите со ниски примања – под уште поголем стрес. Проценети здравствени ризици поврзани со ефектите на климатските промени, се во опсег од зголемена веројатност за пренесување на вектор-преносливи болести (како маларија и денга) и болести што се пренесуваат преку вода, до намален квалитет на воздухот. Според СЗО, една шестина од болести и попреченост на глобално ниво се должи на вектор-преносливи болести, а како последица од промената на климата се менува прераспределба и живеалишта на комарци и други патогени кои во себе носат болести кои за нас се непознати и претходно не сме ги сретнале и можат да предизвикаат епидемии – вели Бужароска. Албанија е земја од регионот која прва започна со работа на рамка за прилагодување кон климатските промени. На прашањето колку општините биле вклучени во оваа проблематика, Мерита Мансаку-Мекси од Германската агенција за развој од Албанија објасни дека имале организирани јавни дебати. - Поголемиот дел од општините имаат предизвици за основните одговорности и кога се работи за адаптација кон климатски промени, првата реакција беше дека зборуваме за луксуз, а тие размислуваат за отпад, вода, но треба да им ги отворите очите и ќе ги натерате да размислат како функционриаат климатските промени. Полека, чекор по чекор, свеста се зголемува, но општините сеуште не се во истиот воз во решавањето на овие проблеми. Ние бевме прва земја што го започна тој процес на Балканот во 2015 година, а сме и една од најранливите земји во однос на климатските промени. Се трудевме да учиме од странски искуства за подобрување на капацитети и за процесите на адаптација – рече Мансаку-Мекси. Бранка Кнежевиќ, заменик-секретар за урбано планирање и одржлив развој од Подгорица, го сподели искуството на Црна Гора и стратегијата за адаптација на климатските промени на Подгорица. -Овој документ е важен за нас. Направивме анализа на екстремните настани – дождови, влијанието врз природните ресурси и квалитетот на животот врз урбаните области. Сакавме да ја согледаме способноста на Подгорица за справување со климатските промени. Потоа, топлотните бранови, инспирирани во неколку прилики, особено за време на 2011 – 2012, низа тропски денови и ноќи, имаше пад на продуктивноста, на фунцкионирање, зголемена електирчна енергија. Друг екстремен настан беше сушата од 2007 година, кога имавме 56 последователни денови без врнежи. Во последните години е обрнато поголемо внимание за зголемувањето на зелената површина во Подгорица. Се работи на подобрување на инфраструктурата за велосипеди. Ако порано немавме ниту една патека, сега имаме пет со вкупна должина од 13 километри, како и патеки за попрофесионално возење велосипеди. Веќе немаме запоставени области во градот. Се обидуваме да ги користиме сите механизми, активни јавни кампањи со цел да се промени оваа пракса и да се охрабрат граѓаните да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Најважните активности се спроведуваат на локално ниво. На национално ниво се поставуваат стратегиите, но на локално ниво треба да се работи. Нормално е да постои отпор кај општините, но ако им доловите дека ќе се решаваат практични проблеми како што се поплавите – тогаш мора да сте заедно во решавањето на проблемот – вели Кнежевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Шоу бизЏони Деп за враќањето во „Пирати од Карибите“: Тоа е единственото што го сакам (ВИДЕО)Џони Деп е отворен за враќање во улогата на капетанот Џек Спероу ако франшизата „Пиратите од Карибите“ продолжи, но има специфична причина за тоа.Во разговор за „Ентертејнмент тунајт“, актерот објасни како би можел да биде убеден повторно да ја носи пиратската шапка. Збогум на ликот „Ако работите се одвиваат како што треба во однос на тоа како ќе заврши франшизата... единствената обврска што навистина ја сакам, искрено, е да ги испратам на подобар начин“, рече Деп. Во исто време, тој ја нагласи својата доверба во продуцентот Џери Брукхајмер. „Би направил сè со Џери Брукхајмер утре. Не е важно што е. Ако е Џери, му верувам. Имаме длабоко пријателство“. Деп беше главна ѕвезда во пет филмови од серијата „Пиратите од Карибите“ кои беа прикажани во периодот од 2003 до 2017 година. Планови за нов филм Брукхајмер, продуцентот на сите пет филмови досега, изјави за „Холивуд репортер“ во 2022 година дека се „многу блиску“ до шестото продолжение и дека веќе имаат „многу добро сценарио“. Продуцентот во тоа време забележа дека серијата веројатно ќе има рестартирање бидејќи е „полесно да се организира“ бидејќи „не мора да чекате одредени актери“. Последниот филм од франшизата, „Мртвите не зборуваат“, беше објавен во 2017 година. Заедно со Деп, во него глумеа Хавиер Бардем и Каја Скоделарио, а се вратија и редовните членови на екипата Џефри Раш, Орландо Блум и Кира Најтли. Два проекти во развој Брукхајмер отворено зборуваше за работата на нов филм, чие сценарио го пишува Џеф Натансон. Втор филм, од авторката Кристин Ходсон, исто така беше во подготовка, а Марго Роби требаше да ја игра главната улога. Роби изјави за „Венити фер“ за тој проект во 2022 година: „Имавме идеја и ја развивавме пред некое време, одамна, за да ја направиме приказната повеќе фокусирана на женски ликови. Не е целосно женска приказна, само поинаков вид приказна, која ја сметавме за навистина кул, но не мислам дека сакаат да ја снимаат.“ Сепак, Брукхајмер изјави за „Ентертејнмент викли“ дека планира да направи рестарт и филм со Марго Роби. „Се надеваме дека ќе ги снимиме и двата, и мислам дека Дизни се согласува дека навистина сакаат да го направат оној со Марго“, рече тој. Сценариото и враќањето на Деп Брукхајмер рече дека е задоволен од сценариото на Натансон за рестартирањето. „Мислам дека е погодок. Има неверојатен трет чин. Само треба да ги дотераме првиот и вториот и тоа е тоа. Но, тој напиша одличен, навистина одличен трет чин.“ Продуцентот претходно изјави дека би сакал повторно да го види Деп во улогата и дека разговарал за тоа со актерот. „Тоа е рестартирање, но ако мене ме прашувате, тој би бил во неа“, рече Брукхајмер. „Го сакам. Тој е добар пријател, неверојатен уметник и има уникатен изглед. Тој го создаде Капетан Џек. Не беше запишано; тој внесе малку од Пепе Ле Пју и Кит Ричардс во улогата. Тоа беше неговата интерпретација на Џек Спероу.“Тагови: Џони Деп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаХоландија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија. Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times. Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море. Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море. Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат. Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил. Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја. Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.Тагови: Холандија баратели на азил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter