ЕК: На Украина и е исплатен заем од милијарда евра - Канал 5

ЕК: На Украина и е исплатен заем од милијарда евра

На Украина и е исплатен заем од милијарда евра, кој ќе биде отплатен со приходите од замрзнатиот руски имот.

ЕК: На Украина и е исплатен заем од милијарда евра

Европската комисија денеска соопшти дека исплатила дополнителна транша од една милијарда евра од заемот за макрофинансиска помош за Украина, која ќе биде отплатена со приходите од замрзнатиот руски имот во Европската унија.

„Со денешната исплата од една милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние и помагаме на економијата на земјата да закрепне и да биде обновена критичната инфраструктура оштетена од руската агресија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Поддршката ќе помогне за обнова на Украина по руските напади. Средствата ќе се користат за сегашна и идна воена поддршка, буџетски потреби и потреби за обновување, како и за обновување на критичната инфраструктура, како што се енергетските капацитети, водните системи, транспортните мрежи, патиштата и мостовите.

Денешната исплата е дел од иницијативата на Г7 која има за цел да обезбеди околу 45 милијарди евра финансиска поддршка за Украина до 2027 година.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас рече дека поддршката на ЕУ за Украина мора да биде изразена со дејствија, особено со доставување муниција што му е потребна на Киев.

„Доколку ги слушате изјавите на лидерите, поддршката е многу голема, но треба да се види и со дела, во бројки, во реалната муниција што и е потребна на Украина. Затоа, навистина се надевам дека ќе продолжиме напред“, рече Калас пред денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

За време на Самитот, Калас ќе претстави предлог за обезбедување два милиони артилериски гранати на Украина.

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц изјави дека Европа мора да продолжи со силната поддршка за Украина, без оглед на тоа какви преговори се водат меѓу Вашингтон и Москва.

„Треба да ја продолжиме нашата поддршка со јасна позиција дека за Украина мора да биде возможен праведен мир. Тоа значи дека Украина може да ја брани својата независност и суверенитет, дека сама го избира својот пат и своите лидери и се разбира дека има силна армија во мирно време“, додаде Шолц пред состанокот на лидерите на ЕУ.

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер