ФудбалЕгипетски фудбалер почина од срцев удар Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет.Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март. Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите успеаја да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома. Рефат дебитираше за репрезентацијата на Египет во 2013 година и одигра вкупно седум натпревари на кои постигна два гола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“.Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок. Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но и претставнци на политичката партија СДСМ, кои не се одзваа на поканата. При посетата на домот, министерката порача дека тврдењата за рушење ѕидови, протекување покриви и други сериозни недостатоци не одговараат на реалната состојба. „Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партијата синоним за лицемерство, рече дека е со студентите. Еве како СДСМ во негово време беше со студентите. Живееја во ужасни услови во домовите. Сега е сосема поинаку, оваа Влада навистина се грижи за младите. Имавте можност да влезете во домот и да видите“, изјави Јаневска. Министерката нагласи дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е реконструиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека европските претставници при посетите го оценија како еден од најмодерните на Балканот. „Не само ние туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко“, истакна министерката. Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека кај новоизградени објекти може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачката компанија ќе мора да ги отстрани сите утврдени дефекти. „Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов и стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сè што треба да поправи ќе се поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покириви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте“, изјави таа. Министерката апелираше до семејствата на студентите да не подлегнуваат на обидите на политичките партии и други злонамерници да ги вознемируваат со информации дека нивните деца се сместени во небезбедни услови. „Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат во исти такви услови да живеат. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме“, рече Јаневска. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМеркел: Загрижена сум поради зајакнувањето на политичките екстреми во ГерманијаПоранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека е загрижена поради зајакнувањето на политичките екстреми во Германија, но дека сепак верува оти е можно да се зачува политичкиот центар.Таа сугерираше дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) мора да понуди поширока политичка платформа што ќе поврзува различни општествени групи. Во интервју за „Магента ТВ“, снимено во музејот „Боде“ во Берлин, поранешната канцеларка зборуваше и за своите здравствени проблеми, политичката ситуација во Германија и внатрешните динамики во рамките на ЦДУ. Осврнувајќи се на епизодите на тресење што ги доживеа за време на воените почести во 2019 година, Меркел објасни дека тоа била реакција на нејзиното тело на значителен личен притисок – вклучувајќи ја смртта на нејзината мајка и сознанието дека наскоро ќе ја напушти канцеларската функција. „Кога ги доживеав тие тресења во 2019 година, тоа веројатно беше ослободување од напнатоста предизвикана од смртта на мајка ми, како и од фактот што знаев дека ќе се повлечам од мојата позиција. Во такви моменти, телото едноставно испраќа сигнали“, рече Меркел. Таа додаде дека не можела да си дозволи подолга пауза, но одлучила дека, во иднина, главно ќе останува да седи за време на воените церемонии. „Зголемена општествена поларизација“ Зборувајќи за политичката ситуација во Германија, Меркел истакна дека со загриженост гледа на изборните успеси на партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) и партијата „Левица“ (Die Linke), предупредувајќи на сè поизразена општествена поларизација. „Ме загрижува тоа што екстремите стануваат сè помоќни, а она што за мене беше многу важно во политиката – рамнотежата и умереноста – полека исчезнува“, посочи поранешната канцеларка. Таа ја поддржа одлуката на „ЦДУ“ да ја задржи забраната за соработка со „AfD“ и со партијата „Левица“, но истовремено упати критики кон одредени ставови на „Левицата“ – конкретно кон нивниот став кон НАТО и, како што наведе, кон прашањето за антисемитизмот во одредени делови од таа партија во Берлин. Осврнувајќи се на политичката стратегија на актуелниот лидер на ЦДУ и кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, Меркел забележа дека концептот на „чиста ЦДУ“ не треба да се сведува исклучиво на економската политика. Според неа, ЦДУ мора да послужи како мост – помеѓу вработените и работодавачите, помеѓу граѓаните со мигрантско потекло и оние што долго време живеат во Германија, како и помеѓу урбаните и руралните средини. „Тоа е ’чиста‘ ЦДУ – понуда за секој граѓанин“, изјави Меркел. Таа исто така сугерираше дека политичките партии не треба да се фокусираат исклучиво на „AfD“. На%место тоа, тие мора јасно да ги формулираат сопствените платформи и да ги убедат граѓаните да ги поддржат. Дали Германија ќе добие жена претседател? Меркел се осврна и на можноста Германија да добие жена претседател, изразувајќи поддршка за таа идеја и напоменувајќи дека во рамките на ЦДУ и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) има жени кои се квалификувани за таа улога. Во однос на европската безбедност, таа оцени дека е неопходно да се развие доволно силен механизам за одвраќање, со цел да се спречи евентуален руски напад врз НАТО. Истовремено, таа призна дека зголемувањето на трошоците за одбрана за време на нејзиниот канцеларски мандат – особено по 2015 година – не се одвивало доволно брзо. Меркел исто така повтори дека одлуката за постепено напуштање на нуклеарната енергија, донесена за време на нејзиниот мандат, била исправна, додавајќи дека таа исто така придонела за намалување на општествените поделби во Германија. Поранешната канцеларка ја предводеше германската влада од 2005 до 2021 година. Извор: Б92Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПентагон тивко се подготвува за најлошото можно сценариоПентагон тивко се подготвува за можноста Конгресот да не го одобри рекордно високиот воен буџет од 1,5 трилиони долари, за кој се залага американскиот претседател Доналд Трамп.Според „Политико“, претставници на Министерството за одбрана веќе изготвуваат планови за буџет од приближно 1,1 трилион долари – што е за 400 милијарди долари помалку од износот што го побара Белата куќа. Оваа бројка е значително поскромна од амбициозната најава на Трамп за најголемата инвестиција во американската војска во историјата. Претседателот планираше да ги искористи овие средства за обновување на залихите со оружје, финансирање на сеопфатен систем за противракетна одбрана и реализација на плановите за изградба на флота воени бродови на нуклеарен погон. Сепак, според извори запознаени со внатрешните дискусии, Пентагон и конгресните комисии задолжени за буџетот веќе се подготвуваат за сценарио во кое ќе имаат на располагање значително помалку средства. Изворите што разговараа со „Политико“ – меѓу кои и претставник на одбранбената индустрија и двајца поранешни американски функционери – побараа да останат анонимни, бидејќи станува збор за внатрешно планирање. „Никој од нив не очекува сума ни приближно до 1,5 трилиони долари. Тие дефинитивно подготвуваат планови за помал износ, што е многу поверојатно сценарио отколку каква било сума блиска до 1,5 трилиони долари“, изјави еден од поранешните функционери. Ова планирање е во спротивност со јавните изјави на администрацијата на Трамп, која и понатаму тврди дека очекува поддршка за огромно зголемување на воените трошоци. Рас Вот, директор на Канцеларијата за управување и буџет, овој месец изјави дека администрацијата „не планира неуспех“ и дека нема подготвено алтернативни извори на финансирање за клучните воени програми, во случај Конгресот да го отфрли предлогот на претседателот. Проблемот, сепак, лежи во сè подлабокиот јаз меѓу републиканците. Администрацијата на Трамп се обиде да обезбеди дополнителни 350 милијарди долари преку посебен буџетски процес познат како „буџетско усогласување“, што би им овозможило на републиканците да изгласаат дополнителни трошоци без поддршка од демократите. Овој износ би бил додаток на основниот буџет за одбрана од 1,15 трилиони долари. Сепак, републиканците во Сенатот предупредуваат дека немаат доволно гласови за усвојување на таков пакет, додека некои членови на Претставничкиот дом се закануваат дека ќе ја повлечат својата поддршка, наведувајќи незадоволство од надворешната политика на администрацијата и нејзината неподготвеност да издвои уште повеќе средства за војската. „Републиканците стануваат сè понезадоволни од администрацијата во однос на одбраната“, изјави еден поранешен функционер. Тој додаде дека е многу малку веројатно оти мерка од толкаво значење, како што е буџет од 1,5 трилиони долари, ќе биде реализирана. Намалувањата на буџетот би можеле сериозно да ги нарушат плановите на Пентагон за набавка на нови системи за вооружување и склучување договори со одбранбената индустрија, како и да го загрозат продолжувањето на постоечките програми. Последиците би можеле да се почувствуваат и при надополнувањето на залихите со оружје на САД, кои значително се намалија за време на војната со Иран. Според последните проценки на Пентагон, трошоците за овој конфликт изнесуваат најмалку 47 милијарди долари. Од таа сума, дури 29 милијарди долари се наменети за надополнување на потрошената муниција и друго клучно вооружување. Републиканските законодавци ќе се вратат во Вашингтон следниот месец, а до крајот на годината ќе им преостанат помалку од пет работни недели за решавање на низа важни прашања. Доколку демократите ја преземат контролата врз еден или двата дома на Конгресот на изборите следната недела, на републиканците ќе им останат помалку од два месеца за да ги остварат своите приоритети.Тагови: Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook