ЗдравјеЕден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАККипријанос Кипрос Николаидeс, најдобриот гинеколог – акушер и пионер во феталната медицина во делот на подобрување на грижата за бремените жени од денеска во Скопје каде ја прими титулата „почесен професор,, на медицинскиот факултет при УКИМ. Првиот човек на истражувачкиот центар во Лондон во Скопје одржа предавања и покани доктори од гинекологија за едукација во Лондон и во Грција, каде може да ги научат најновите методи во феталната медицина. Посебен акцент светскиот професор стави на вештачката интелигенција и пренаталниот скриниг, каде објасни дека прегледите ќе бидат со апарат што за неколку секунди ќе даде дијагонстика и потесетува на прегледите од серијата „Ѕвездени патеки“. Исто така со помош на вештачката интелигенција досегашните две години едукација ќе бидат скратени на ефективни шест месеци. „Неколку компании ја вклучија вештачката интелигенција во нивната работа и со помош на трансдуктор се прави преглед еден, два, три, четири, пет, шест и за неколку секунди може да се каже колку бебиња има: едно, две или повеќе. Како е поставено бебето со главата надоле или нагоре“, изјави Николаидес. Клиниката за гинекологија и акушерство под покривителство на Кипријанос ја има отворена единицата за фетална медицина. Професорката Данева објасни дека се овозможува знаења за скринингот на фетални неправилности кај плодот уште во утробата на мајката, како и акцент на високиот крвен притисок кај трудницата. Професорот Кипријанос вчера беше на клиниката каде со директорката на клиниката Папестиев заедно со колегите разговараа за сите потребни едукации и опрема што ја има клиниката и можноста колеги да заминат на едукација во Лондон и Грција. Доктор Ирена Алексиоска Папестиев во 2009 година била негов студент. Кипријанос посебен акцент стави во делот на потребно едукација во целиот работен век, бидејќи тоа прави подобар доктор и грешките се помали. Тагови: Доктор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтернационална конференција „Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неопходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.Долгорочни и одржливи пензиски политики, правна сигурност и зачувување на вториот пензиски столб. Ова беа теми на меѓународната конференција во Скопје, на која домашни и странски експерти ги споделија искуствата и предизвиците во пензиските системи. Од Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови предупредуваат дека во иднина се помалку работници ќе треба да финансираат сè повеќе пензионери, што ја наметнува потребата од навремени и долгорочни реформи. Сепак, во однос на најавените законски измени за бришење на одредбата за придонесот од 6 проценти во вториот столб, од Асоцијацијата велат дека добиле уверување оти тоа не значи укинување на вториот столб, а стапката ќе биде регулирана со ново законско решение. Бараат новата одредба да стапи во сила истовремено со бришењето на постојната. „Нашиот став е тука едноставен: доколку една законска одредба се брише со цел да биде заменета од друга, таа законска одредба сметаме дека треба паралелно, истовремено и хронолошки усогласено да биде исто така усвоена и да стапи на сила во ист временски период. И тоа не е прашање на толкување или на ставови, туку тоа е базично прашање на правна сигурност и доверба во институциите.“ И странските експерти од Словенија, Хрватска и Романија се согласуваат дека првиот и вториот пензиски столб не се конкуренција, туку се надополнуваат и придонесуваат за поодржлив пензиски систем. Од Асоцијацијата го поздравуваат предлогот трансферите на придонесите од ПИОМ кон пензиските друштва да ги врши УЈП. Велат дека трансферите во континуитет доцнеле и очекуваат новото решение да го намали проблемот. Околу критиките на премиерот Христијан Мицкоски за ниските приноси на пензиските друштва, од Асоцијацијата објаснуваат дека реалниот просечен годишен принос во изминатите 20 години изнесува 2,3 проценти. Според нив, тоа значи дека средствата на осигурениците ја зачувале вредноста и оствариле дополнителна заработка. Посочуваат дека законските ограничувања го стеснуваат просторот за повисоки приноси, поради што бараат поголема диверзификација и можност за вложувања што ќе ги заштитат пензиските заштеди и од инфлацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ФудбалДрама на летот на Бешикташ: Громови неколку пати го погодија авионот Фудбалерите на Бешикташ доживеаа драматични моменти на пат кон Грузија, каде што вечерва ќе се соочат со петтото коло од Лигата на Европа против израелскиот Хапоел Бер Шева. Авионот што го превезуваше тимот мораше да ја промени рутата поради силна бура, а според извештаите на турските медиуми, неколку пати бил погоден од громови за време на летот. Авионот полетал од Истанбул, а неговата дестинација бил Батуми. Сепак, поради исклучително лошите временски услови, авионот не успеал да слета во грузискиот град. По неколку кругови над областа на Батуми, пилотот го напуштил слетувањето во последен момент и го пренасочил авионот кон турскиот аеродром Ризе-Артвин, каде што безбедно слетал. Според турските медиуми, авионот неколку пати бил погоден од гром за време на летот, а патниците доживеале и силни турбуленции. Членовите на клупската делегација го опишаа патувањето како едно од најстрашните искуства во нивниот живот. „Се извлековме само со страв“ Ондер Озден, директор на професионалниот фудбал на Бешикташ, зборуваше за драматичниот лет. „Верувам дека ова беше една од најопасните ситуации што некогаш сум ги доживеал. Бевме малку исплашени. Сите се плашеа, но не е важно, сите бевме заедно и заедно го преживеавме тоа“, рече Озден. Тој, исто така, коментираше за одлуката на пилотот да го прекине обидот за слетување. „Кога се обиде да слета, веројатно сфати дека тоа не е можно. Само се извлековме со страв“, додаде тој. По безбедното слетување во Турција, од играчите се очекуваше да го продолжат своето патување со автобус до Батуми. Поради непланирана промена на рутата, патувањето беше значително подолго, а прес-конференцијата на тренерот Винченцо Италијано пред натпреварот беше откажана. Зошто Бешикташ игра во Грузија? Бешикташ ќе игра против Хапоел Бер Шева во Батуми, иако тие треба да бидат домаќини на натпреварот. УЕФА го премести натпреварот од Истанбул поради безбедносни проблеми поврзани со војната во Газа и политичките тензии околу домаќинството на израелски клуб во Турција. Натпреварот е закажан за четврток, а за Бешикташ е од големо значење во борбата за пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа. Турскиот тим освои седум бода во досегашните четири кола, додека Хапоел Бер Шева има само еден.Тагови: Бешикташ громови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаСтудентите се закануваат со протест, бараат 180 денари за студентски оброкВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија... Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. ,,Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години... ,, Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме,, Додека студентите најавуваат протест, премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предложениот модел со дигитална апликација ќе им овозможи на студентите дополнителни поволности и попусти, а во иднина тие ќе можат да ги користат и надвор од земјава. „Јас сум убеден дека таа апликација ќе овозможи на студентите можеби и да се дуплираат и триплираат привилегиите кои што тие ќе ги имаат по различна основа од 5 до 50 проценти, кои што сега не ги користат и ги немаат. Следната фаза е тоа да го користат и надвор од државата...“ Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter