1Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж
Шоу бизЕд Ширан доби ќерка и го откри нејзиното необично имеПејачот Ед Ширан и неговата сопруга Чери имаат ќерка.Среќната вест Ед ја сподели на својот Инстаграм профил, каде го следат над 30 милиони луѓе. Пејачот веднаш откри какво необично име и дал на својата ќерка. "Минатата недела, со помош на неверојатен медицински тим, Чери ја роди нашата убава и здрава ќерка - Лира Антарктик Сиборн Ширан. Ние сме целосно заљубени во неа. И мајката и бебето се добро, ние сме на седмо небо. Се надеваме дека во моментов можете да ја почитувате нашата приватност “, напиша Ед, меѓу другото, под фотографијата со детски чорапчиња. View this post on Instagram Ello! A quick message from me as I have some personal news that I wanted to share with you... Last week, with the help of an amazing delivery team, Cherry gave birth to our beautiful and healthy daughter - Lyra Antarctica Seaborn Sheeran. We are completely in love with her. Both mum and baby are doing amazing and we are on cloud nine over here. We hope that you can respect our privacy at this time. Lots of love and I’ll see you when it’s time to come back, Ed x A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on Sep 1, 2020 at 1:01am PDT Експертите тврдат дека изборот на името за девојчето е многу тренди бидејќи имињата на местата се популарни. "Антарктик е зачудувачко име - прекрасно женствено, сепак студено, свежо и елегантно. Трендот родителите да им даваат имиња на места на своите деца, илјадници родители ги именуваат бебињата секоја година според место што им значи", рече експертот за имиња на бебиња С.Џ. Струм за Fabulous Digital. "Можно е да се именува новороденче по едно од најоддалечените, но сепак витални места за планетата. Покрај тоа, Антарктикот е уникатно место на земјата и досега единствено име на дете - и тоа е она што повеќето sвезди се трудат да го постигнат кога бараат име за своето дете", додаде таа. „Името Лира има корени во грчката митологија, што значи лира, мала харфа - што не е лош избор за музичар“, заклучи С.Џ.Струм. Двојката ја држела бременоста во тајност што е можно повеќе. Иако низ медиумите започнаа да кружат гласини дека сопругата на Ед е бремена, тие сега за прв пат официјално ја споделуваат својата среќна вест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ФудбалЛуис Енрике потпиша нов договор со ПСЖЛуис Енрике (56) потпиша нов договор со Пари Сен Жермен и треба да остане тренер на францускиот шампион до летото 2030 година. Парижаните на тој начин го врзаа човекот под чие водство станаа доминантен тим на европскиот фудбал во последните две сезони и освоија две последователни Лиги на шампиони. Претходниот договор на Шпанецот беше важечки до летото 2027 година, а преговорите за нов беа практично завршени на крајот од минатата сезона. „Л'Екип“ објави во четврток дека потпишувањето е одложено поради последните детали, но дека ПСЖ тврди дека немало застој во преговорите. Договорот сега е завршен и Енрике ја продолжи соработката за уште три години. Во исто време, ПСЖ го продолжи договорот на шпанскиот играч од средниот ред Фабијан Руиз до 2028 година. Клубот на тој начин продолжува да ги врзува клучните луѓе од проектот што му ги донесе најголемите успеси во историјата. Од неговото доаѓање во 2023 година, тој целосно го промени ПСЖ Луис Енрике го презеде ПСЖ во јули 2023 година по заминувањето на Кристоф Галтие. Тој пристигна во Париз како тренер кој ја освои Лигата на шампионите со Барселона во 2015 година и двапати беше шампион на Шпанија, а претходно ја водеше шпанската репрезентација шест години, во два мандата. Неговото доаѓање се совпадна со голема промена во спортската политика на ПСЖ. Клубот постепено се оддалечи од моделот на собирање скапи индивидуални ѕвезди и почна да гради помлад, поатлетски и тактички дисциплиниран тим. Килијан Мбапе замина во Реал Мадрид во 2024 година, а Енрике доби уште поголема контрола врз спортскиот проект по неговото заминување. Резултатите стигнаа многу брзо. ПСЖ го освои француското првенство под водство на Енрике во 2024, 2025 и 2026 година. Тој исто така го освои Купот на Франција во 2024 и 2025 година, три француски Суперкупа и Интерконтиненталниот куп во 2025 година. Две лиги на шампиони по ред Најголемиот успех дојде во Европа. Во 2025 година, ПСЖ ја освои Лигата на шампионите за прв пат во историјата, со доминантна победа од 5:0 против Интер во финалето во Минхен. Тоа беше натпревар во кој Енрике стави крај на долгогодишната потрага на парискиот клуб по најважниот европски трофеј. Една година подоцна, ПСЖ ја одбрани титулата. Во нокаут фазата ги елиминираше Монако, Челзи, Ливерпул и Баерн Минхен, а во финалето во Будимпешта против Арсенал, по 1:1, победи со 4:3 на пенали. Стана првиот француски клуб со две Лиги на шампиони и само втор клуб што ја одбрани титулата во модерната ера на натпреварувањето. ПСЖ минатата сезона освои вкупно пет трофеи: Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот на УЕФА, Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Франција.Тагови: Луис Енрике ПСЖ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ЗдравјеСѐ повеќе деца во САД користат таблети за слабеење, повеќето имаат тешка гојазност Бројот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 во Соединетите Американски Држави за деца под 12 години се зголемил за повеќе од 300 пати од 2019 година. Според истражувањето, лекарите затоа бараат нови и ефикасни начини за лекување на дебелината кај најмладите пациенти. Студијата опфатила повеќе од 3,5 милиони дебели, недијабетични деца на возраст од осум до 11 години, а податоците покажуваат дека уделот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 скокнал од 0,03 проценти во 2019 година на 9,3 проценти до јуни оваа година, пишува Ројтерс. Терапија за тешки форми на дебелина Иако овие лекови не се официјално одобрени за деца под 12 години, клиничките упатства во некои случаи дозволуваат нивна употреба за лекување на дебелина уште на осумгодишна возраст. Студијата покажа дека дури 94 проценти од децата на кои им биле препишани лекови GLP-1 имале тешка форма на гојазност. Покрај тоа, околу 65 проценти од нив имале барем една придружна болест, како што се висок холестерол, висок крвен притисок или апнеја при спиење. Брзо проширување на примената Во текот на набљудуваниот период, вкупно 20.282 деца примиле лекови GLP-1. Најчесто им се препишувал Wegovy од Novo Nordisk, а лекарите издале и рецепти за Saxenda од истиот производител и Zepbound од Eli Lilly. Иако вкупниот број на деца под 12 години на терапија со GLP-1 е сè уште мал, истражувањата покажуваат дека неговата употреба брзо се шири, истакна водачот на истражувањето и експерт за третман на дебелина, д-р Бабак Оранди од NYU Langone Health. Оранди додаде дека е потребно долгорочно следење за да се потврди дали овие лекови се безбедни и ефикасни на долг рок. Разлики во достапноста на третманот Студијата, објавена во списанието Pediatrics, исто така укажува на растечки нееднаквости во достапноста на третманот. Децата од побогатите заедници имале 55 проценти поголема веројатност да добијат рецепт за овие лекови. „Лекарите и креаторите на здравствени политики имаат одговорност да обезбедат овие вредни, а понекогаш и скапи лекови да им бидат достапни на оние кои немаат приватно здравствено осигурување или не можат да си дозволат патувања во специјализирани педијатриски клиники“, рече Алан Маси, коавтор на студијата и вонреден професор по хирургија на Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк. Истражувачите ја користеа базата на податоци „Епик Космос“ за анализата. Тоа е национална база на податоци за електронски здравствени картони што содржи податоци за повеќе од 300 милиони пациенти во САД.Тагови: гојазност СЛАБЕЕЊЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗмија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багажЗа време на летот од островот Лампедуза во јужна Италија до Палермо на Сицилија, од рачниот багаж се појавила змија додека авионот почнал да се спушта, предизвикувајќи паника кај патниците.Капетанот на авионот веднаш реагирал и ги известил аеродромските власти и полицијата, а по слетувањето на аеродромот „Фалконе е Борселино“ во Палермо, во авионот се качиле карабињери од аеродромската станица и членови на одделот CITES, кои ја фатиле и обезбедиле змијата, објавува порталот TGcom24. Според првичните наоди, станува збор за вид Macroprotodon cucullatus, познат како „змија со качулка“, мал влекач карактеристичен за фауната на Лампедуза. Името „змија со качулка“ (или лажна мазна змија) го добила поради карактеристичната темна дамка на задниот дел од главата што наликува на качулка. Карабињерите истражуваат како змијата се качила во авионот и кој ја донел и транспортирал. Животното е предадено на херпетолог на Универзитетот во Палермо, кој ќе ја провери неговата здравствена состојба, по што треба да се врати во неговото природно живеалиште. Лампедуза е единственото место во Европа каде што е регистрирана популација од овој вид. „Змијата со качулка“, која обично расте помеѓу 50 и 70 сантиметри, се храни со гуштери и други помали змии. Таа е отровна, но нејзиниот отров се смета за речиси безопасен за луѓето. Првенствено живее во областите на Северна Африка, како што се Тунис и Либија, а Лампедуза е единственото место во Италија и цела Европа каде што живее овој вид. Островот Лампедуза геолошки припаѓа на африканската континентална плоча, поради што ја дели флората и фауната со овој континент.Тагови: змија сицилија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter