Ѕвездата на „Squid Game“ ослабела 8 килограми за 10 дена: Немав време да јадам - Канал 5

Ѕвездата на „Squid Game“ ослабела 8 килограми за 10 дена: Немав време да јадам

Хојон Јунг, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Squid Game“, рече дека ослабела 8 килограми за 10 дена додека ја промовирала оваа хит серија во САД.

Ѕвездата на „Squid Game“ ослабела 8 килограми за 10 дена: Немав време да јадам

„Немаше време за јадење“, рече 27-годишната јужнокорејска актерка во неодамнешно интервју, додавајќи: „Изгубив премногу килограми. Целата облека што ми одговараше кога првпат дојдов во Америка сега ми е премногу широка."

Обожавателите веќе го коментирале нејзиното (пре)слабо издание на Инстаграм.

"Воопшто не сакам да бидам негативен, само сакам да кажам дека сум малку загрижен кога ќе те видам во црн фустан. Знам дека манекенките мора да одржуваат константна тежина, но ве молам, јадете." коментирал еден фан.

„Стануваш послаба и послаба. Се надевам дека си среќна и дека здравјето ти е добро“, искоментирал друг обожавател.

„Ве молам внимавајте на вашето здравје и исхрана... Вие сте убави во секој поглед“, се огласи трета.

И покрај загрижените коментари, многу обожаватели ја пофалија актерката која ја глумеше Канг Сае-бајок во серијата „Squid Game“. „Буквално најубавата личност што сум ја видел“, коментирал еден фан, а друг се согласил: „Таа е толку убава, дали сум во право?“

Актерката зборувала за нејзиното слабеење на почетокот на декември, обвинувајќи го ненадејниот успех на серијата за нејзиното губење на апетитот. „Не можев да бидам во чекор со тој брз успех на „Squid Game“ бидејќи откако се појави пандемијата на коронавирус, имам чувство дека сè се случува толку брзо. Што се случува, кој сум јас, се прашував. Се чувствував како да се изгубив себеси“, изјавила актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Град Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво.

Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила.

„Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје.

Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година.

Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства.

Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје.

Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети.

Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Атрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни.

„Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо.

Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот

На сите други стадиони во шпанската фудбалска Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да водат кратки разговори со новинарите.

Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот

„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде единствениот стадион во Ла Лига каде што судиите нема да можат да даваат изјави пред и по натпреварите оваа сезона, пренесува „Спорт“ (SPORT).

Причина за ова се ограничувањата што Реал Мадрид ги наметна во врска со телевизиските преноси, а кои не се во согласност со новиот протокол за транспарентност на Судиската комисија. На сите други стадиони во Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да даваат кратки телевизиски интервјуа пред и по натпреварите.

Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потврди историски промени за сезоната 2026/2027. Новото правило предвидува судиите јавно да ги образложуваат своите одлуки донесени на теренот пред телевизиските камери, а се планира и јавно објавување на аудиоснимките од разговорите во ВАР-собата.

Целта на оваа иницијатива е да се зголемат довербата и транспарентноста по низата контроверзии во изминатите години. Сепак, Реал Мадрид – чиј клупски телевизиски канал постојано упатува остри критики кон судиите – практично ја блокираше примената на овој модел на својот стадион. Оваа одлука несомнено дополнително ќе ја вжешти и онака напнатата атмосфера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер