Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип - Канал 5

Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип

Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов . 

Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна  по удар на гром во близина на Штип

Вчера поради силниот ветер и непристапниот терен огнената стихија брзо зафатила поголема површина и се доближила до населени места.

Според првичните информации, пожарот избувнал по удар од гром во реонот над викенд-населбите Плуждино и новакова Чешма. Поради сувата вегетација и временските услови, огнот брзо се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Во гаснењето на пожарот, како што велат од центарот за управување со кризи биле вклучени 20 пожарникари од штипската територијална противпожарна единица кои интервенирале со четири возила, 10 доброволци со четири возила од противпожарното друштво-штип, а помош имале и од шест пожарникари со две возила од Кочани и од една екипа од Свети Николе..

Брзата интервенција на пожарникарите го запре пожарот кој се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре, а кој поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу: Здравството влегува во најважната фаза - поставување на системот на нови основи

Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. 

Алиу: Здравството влегува во најважната фаза - поставување на системот на нови основи
- Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во видео обраќањето по повод една година од преземањето на функцијата министер за здравство.
Министерот Алиу нагласува дека изминатата година целта не беше да се создаде впечаток дека сè е решено, напротив, се тргна од вистината.
- Здравството има наследени слабости, недоволна организација, нерамномерна достапност на услуги, недостиг на кадар, застарена инфраструктура и систем кој премногу долго функционирал со хартија, фрагментирани податоци и недоволна предвидливост. Затоа целта ми беше да не ги прикриваме проблемите, туку да почнеме да ги решаваме системски, вели министерот Алиу.
Тој појаснува дека во изминатата година поставена е нова насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара.
-Започнавме процес на дигитална трансформација. Пациентот не треба да се движи со папки, извештаи и ЦД-а од една институција до друга. Податоците треба да го следат пациентот, а системот треба да му помага на лекарот да донесе побрза и побезбедна одлука, вели министерот Алиу, притоа потсетувајќи дека беа воведени транспарентни листи на чекање, затоа што фер пристапот до здравствена услуга е основа на довербата.
Министерот Алиу зборувајќи за проектот со телемедицина во Дебер и Делчево, порачува дека специјалистичкото знаење мора да стигне поблиску до граѓаните, особено во регионите каде што пациентите најмногу го чувствуваат товарот на патувањето до Скопје.
- Паралелно работевме на инфраструктурата. Здравството не може да биде силно ако целата тежина е концентрирана во главниот град. Затоа регионализацијата е една од нашите најважни политики. Инвестициите во Штип, Тетово, Кичево, Струмица, Битола и другите здравствени центри се начин пациентите да добијат услуга поблиску до местото каде што живеат. Набавката на 100 нови амбулантни возила, реконструкциите на операционите сали и зајакнувањето на регионалните болници се дел од истиот пристап кој води кон здравствен систем што е побрз, подостапен и порамномерно развиен, потенцира министерот Алиу.
Тој исто така, вели дека посебно внимание е посветено и на здравствените работници.
-Ниту еден апарат, ниту една сала, ниту една дигитална платформа не вреди без луѓето што секој ден го носат системот, затоа се работи на подобро кадровско планирање, нови програми за специјализации и супспецијализации, зајакната практична обука и подобро вреднување на трудот. Здравствениот систем мора да ги задржи, мотивира и поддржи своите луѓе, порачува министерот Алиу.
Осврнувајќи се на важните јавноздравствени политики, тој потсетува и на предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, кој е чекор кон поздрав јавен простор, заштита на децата, непушачите и вработените. Притоа нагласувајќи дека не станува збор за законско решение кое е против некого, туку за закон за здравјето на граѓаните.
- Работевме и на чувствителни теми, како што се онкологија, органодарителство, трансплантација, третман на дебелина кај децата, кризни протоколи. Теми кои бараат човечност, институционална одговорност и континуитет, вели министерот Алиу.
Тој порачува дека здравството мора да биде систем што не реагира само кога ќе настане криза, туку систем што учи, се подготвува и превенира.
-По една година, мојата оценка е дека не сме на крајот на реформата. Ние сме во нејзината најважна фаза во која системот почнува да се поставува на нови основи. Имаме уште многу работа. Но денес знаеме појасно каде одиме, а тоа е кон здравство што е дигитално поврзано, кадровски планирано, инфраструктурно зајакнато, регионално порамномерно и насочено кон пациентот. Здравството се развива со одлуки, со работа, со податоци, со луѓе и со лична одговорност, заклучува Алиу.
YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски против земјоделците – пак го спаси Трипуновски од одговорност

Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. 

СДСМ: Мицкоски против земјоделците – пак го спаси Трипуновски од одговорност

По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски.

Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата.

Сега на сите земјоделци им е кристиално јасно дека зад катастрофалната состојба во земјоделството, намалените субвенции, неисплатените субвенции, корупциските скандали стои Христијан Мицкоски.

За само 2 години македонското земјоделство е на колена, земјоделците едвај преживуваат. Субвенциите се намалени за дури 40 милиони евра и не се исплаќаат, намалена е поддршката за тутунот од 100 на 80 денари за прва класа, укинати се низа мерки за малите земјоделци, лозарите, оризопроизводителите, намалени се субвенциите за говеда од 12.000 денари на само 8.000 денари.

Сточарството е доведено на раб на колапс, бројот на грла се намалува, а сточарите секојдневно се жалат на намалените откупни цени на млекото. Во време кога цените во маркетите растат откупната цена на млекото се намалува. Па каде завршува разликата?

Откупните цени се понижувачки, а производствените трошоци постојано растат. Лозарите, овоштарите, тутунарите и градинарите се оставени без никаква поддршка.

Тоа го потврдуваат и бројките, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти, директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

Додека нема пари за земјоделците оргомни корупциски скандали се случија, како скандалот со ИПАРД програмата, митото од 50 илјади евра и многу други.

Затоа денес е јасно зошто Трипуновски остана, само затоа што зад себе ја има заштита од Мицкоски.

Прво го спасија од корупциски скандали, после го спасија и од политичка одговорност. До кога? Дали поради бизнис интереси, тендери, провизии? Јавноста ќе дознае, вистината не може да се сокрие.

Скопје, 11.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Македонија е способна за големи подвизи

Македонија е способна за големи подвизи, инженерско чудо е изградбата на железницата Бељаковце -Крива Паланка, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

Николоски: Македонија е способна за големи подвизи

"На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина.

Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон.

Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи" напиша вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер