Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите
1Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите
МакедонијаДЗР: Потребни реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лицаПросечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се даде одговор на прашањето „Какви мерки и активности преземаат надлежните институции околу грижата за старите лица на возраст над 65 години и одржливоста на пензиските фондови во земјата, а поврзано со забрзаното стареење на населението во земјата?“. Во Извештајот се посочува дека во последните години се регистрирани драстични намалувања: кај децата во прво одделение во однос на родените шест години претходно бројот на запишани во основно училиште е понизок за 2.774 ученици, а кај матурантите оваа разлика е повисока и изнесува 34,6 проценти - од 22.585 живородени / 14.771 матуранти. Овие информации се споделени во денешното соопштение на Државниот завод за ревизија. -Со ревизијата е опфатен периодот од 2014 до јуни 2024 година, со цел да се даде одговор на прашањето во врска со мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции во Северна Македонија околу грижата за старите лица на возраст над 65 години и одржливоста на пензиските фондови во земјата, а поврзано со забрзаното стареење на населението во земјата. Со спроведената ревизија стекнавме разумно уверување дека иако надлежните институции имаат преземено мерки и активности, не е обезбедена целосна и соодветна грижа за старите лица над 65 години и за управувањето и одржливоста на пензискиот систем во услови на забрзано стареење на населението, се додава во соопштението. Преземените мерки и активности од надлежните институции, како што наведуваат оттаму, не се доволни за одржливост на среден и долг рок, односно не се преземени потребните системски мерки за намалување на брзото демографско стареење на населението и зголемените притисоци врз јавните финансии. Се додава дека иако пензискиот систем димензиониран во три столба, обезбедува редовна исплата на пензии, неговата фактичка одржливост е нарушена поради неповолните демографски трендови, ниската стапка на придонеси, како и зголемувањата на пензиите кои не се засновани на раст на платите, вработеноста и придонесите. - Иако пензиите се исплаќаат навремено, тоа се постигнува со растечки буџетски трансфери и со одложување на потребните структурни реформи. Инвестициските портфолија на задолжителните пензиски фондови се концентрирани во домашни државни обврзници што го ограничува приносот на пласираните средства поради ефектот на инфлацијата. Покрај усвојувањето на повеќе стратешки документи, нивната имплементација не е на задоволително ниво. По истекот на Националната стратегија за стари лица во 2020 година, државата нема донесено сеопфатен стратешки документ исклучиво посветен на старата популација. Услугите за старите лица се ограничени, услугата помош во домот е достапна за помалку од 1 отсто од лицата над 65 години, а воопшто не е воспоставена во 31 општина. Доминантен дел од грижата и натаму припаѓа на неформалниот сектор и на семејствата, се појаснува во соопштението. Од ДЗР истакнуваат дека како резултат на наведеното, потребен е сеопфатен, меѓуресорски ангажман со јасни рокови, финансирање и разграничување на должностите за постапување. Навремените и координирани структурни реформи би придонеле за намалување на ризиците, односно системот за пензиска и социјална заштита да може соодветно да одговори на забрзаното стареење на населението. Извештајот од извршената ревизија на Државниот завод за ревизија, нагласуваат, кој детално ги анализира состојбите во пензискиот систем, демографските трендови и капацитетите за долготрајна нега на лицата над 65 години покажува дека пензискиот систем во земјава се соочува со сериозни предизвици за одржливост, а грижата за старите лица останува недоволно развиена и нефункционална во услови на брзо демографско стареење. - Првиот столб на пензискиот систем кој е организиран на солидарна основа континуирано работи со негативно финансиско салдо. Расходите за пензии ги надминуваат приходите од придонеси, а разликата се покрива со трансфери од Централниот буџет на државата. Во периодот од 2014 до 2024 година, учеството на буџетските средства во вкупните приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се движи помеѓу 32,6 отсто и 43,6 проценти. Во 2024 година трансферите од Централниот буџет достигнуваат 42.474 милиони денари - приближно 690,6 милиони евра. Проекциите за крајот на 2025 година укажуваат на дополнително зголемување на трансферите, што претставува значителен фискален ризик за државниот буџет. Усогласувањето на пензиите се врши според Швајцарскиот модел, што овозможува континуиран раст на просечната пензија за анализираниот период 2015 - 2025 година, стои во извештајот. Извештајот потсетува дека во текот на 2024 и 2025, висината на пензиите се зголемија линеарно неколкупати што не е проследено со зголемување на платите на осигурениците и зголемување на бројот на осигуреници кои плаќаат придонеси. Просечната пензија бележи раст за целиот период и во октомври 2025 достигнува околу 27.143 денари, но, овој раст се финансира и со буџетски трансфери. Според проекциите на ДЗР, уделот на лицата над 65 години ќе се искачи од 19,1 отсто во 2025 на 32,6 проценти во 2050 и 34,2 отсто во 2055 година. Бројот на лица над 80 години ќе се зголеми од околу 22.000 во 2024 на над 144.000 во 2055 година, додека работоспособното население - 15 - 64 години, ќе се намали за приближно 470.000 лица. Во отсуството на навремени и ефективни реформи, трансферите од буџетот за првиот пензиски столб би можеле да достигнат 7,4 проценти од БДП во 2057 година што, како што се додава, ќе доведе до сериозно оптоварување на Централниот буџет. - Системот за грижа за стари лица е недоволно развиен. По истекот на Националната стратегија за стари лица во 2020 година, државата веќе седум години нема донесено активен сеопфатен стратешки документ за грижа за лицата над 65 години. Националната развојна стратегија 2024–2044 за првпат го третира демографското стареење како егзистенцијално прашање, но, претходните стратегии кои се поврзани со оваа тема покажуваат системски слабости: преобемни цели, нејасни рокови, отсутни финансиски проценки и неефикасна координација, стои во извештајот. Се додава дека буџетот за социјална заштита од 2019 до 2025 е зголемен за 68,8 проценти, но растот е главно насочен за исплата на паричните права - надоместок за помош и нега од друго лице, социјална пензија. Надоместокот за нега во 2024 година го користеле над 33.600 лица над 65 години - 60,2 отсто од корисниците, и во пракса служи како замена за формален систем на долготрајна нега, главно преку негуватели кои се членови на семејството на лицето кое има потреба од грижа. Социјалната пензија опфаќа 13.230 корисници, но, износот е двојно помал од минималната пензија и не ја намалува сиромаштијата. Исто така, во извештајот се додава дека формалните услуги за стари лица се ограничени - услугата помош и нега во домот опфаќа околу 3.000 корисници - помалку од 1 отсто од 315.000 лица над 65 години и не е достапна во 31 општина во земјата, дневните центри имаат капацитет од само 200 лица, а домовите за стари лица располагаат со 2.378 кревети - 7 легла на 1.000 жители над 65 години. Притоа, се посочува, постојат листи на чекање и нерамномерна географска распределеност - претежно во скопскиот регион, што е уште еден показател за недоволниот капацитет на овие услуги, информираа од Државниот завод за ревизија. Според извршени проекции заклучно со 2024 година околу 63.000 лица над 65 години имаат потреба од долготрајна нега додека до 2050 година овој број ќе порасне на 108.000 лица - за 70 отсто. Поради ова без значително зголемување на капацитетите, се додава, товарот ќе падне врз семејствата и неформалниот сектор. - Северна Македонија се наоѓа во еден од најбрзите процеси на демографско стареење во Европа. Наведената состојба упатува на итни системски реформи - вклучително зголемување на возраста за пензионирање, прилагодување на стапките на придонеси, ревизија на моделот за усогласување на пензиите, диверзификација на инвестициите во вториот столб, како и зголемување на капацитетите за услуги кон старите лица. ДЗР даде препораки за надминување на утврдените слабости, вклучително зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на координацијата, мониторинг и финансиска одржливост на системот за грижа за стари лица, што треба да одговорат на демографските предизвици во наредните децении, потенцираат од Државниот завод за ревизија.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентитеВтор ден по изборната победа на Студентската листа, славјето во Белград не стивнува. Со музика, диџеи и факели, илјадници граѓани повторно го исполнија плоштадот Славија, прославувајќи ја политичката промена. Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ. Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди. Собирите продолжија и пред телевизијата „Пинк“, каде што демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, а полицијата постави кордон пред влезот за да спречи евентуален упад. Се играше и оро пред јавниот сервис, каде што за денеска е најевен нов протест со барањата за оставки на раководството и уредниците на информативната програма. Во меѓувреме, носителот на победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, повика на смирување на тензиите и порача дека очекува мирно и законско примопредавање на власта. -Ценети сограѓани. Ве замолуваме да останете до крајот на изборниот процес и понатаму мирни и достојанствени како што бевте до сега. Изборите се уште не се завршени. Изборните резултати не се прогласени. Мора да останеме достојанствени до крајот. Немојте да наседнувате на било какво насилство. Ве замолува вашата Студенска листа и вешето студентско движење,- изјави –Илија Срдановиќ – носител на Студентската листа. Речиси в исто време, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ остро ги осуди упадите во медиумите. Вучиќ предупреди дека Србија ја очекува долга и тешка политичка борба, порачувајќи дека нема да се повлече пред, како што ги нарече, опасните и неодговорни луѓе. -Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан, монструозно насилство, упад во Информер. Напад врз слободата на изразување, слобода на говор и слобода на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже збор за тоа, ќути и ЕУ, ќутат сите. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат а не да се разговара со луѓето. Воопшто не се плашиме од нив... Нам ни останува да се подготвиме за долга, тешка и мачна борба – изјави Вучиќ. Во меѓувреме, македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека телефонски разговарал со Срдановиќ и лично му ја честитал изборната победа. Мицкоски му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12