Двојазични стануваат сите централни државни институции - Канал 5

Двојазични стануваат сите централни државни институции

Фамозниот закон за јазиците кој веќе стапи на сила во себе носи неколку крупни промени во употребата, пред се на албанскиот јазик.

Двојазични стануваат сите централни државни институции

Овие измени или новитети одат во два сегмента, односно на мали промени на локално и големи на централно ниво.

На локално како и со законот од 2008 година, во сите општини каде што живеат над 20% граѓани кои говорат јазик различен од македонските, нивниот мајчин јазик ќе биде втор службен јазик, односно сите општински работи, сообраќајни табли, ќе бидат, во најголем дол од случаите и на албански јазик.

Дополнително сега и униформите на полицијата, медицинските лица, противпожарната бригата на овие места да биде двојазична.

Со новиот закон се предвидува граѓаните од заедниците кои живеат во општини каде што се под 20%, да можат до локалните власти, судовите, управни служби, да се обратат и да побараат одговор на албански јазик.

Сепак, големи промини во употребата на албанскиот јазик ќе има на централно ниво.

Досега албанскиот јазик за службена комуникација можеа да го употребуваат само пратениците во собранието.

Од вчера, албанскиот, можат законски да го употребува Претседателот на собранието, министрите во Владата, сите државни функционери избрани или именувани од владата, судии, обвинители, народен правобранител, Уставен суд, па во сценарио и ако некогаш претседателот на државата е припадник на албанската заедница, тој ќе може службено да го користи албанскиот јазик. Во судовите рочиштата ќе се водат и на албански јазик, доколку бар еден од учесниците или поротата зборува албански јазик.

Со ова граѓаните ќе можат албанскиот да го употребуваат хоризонтално во целата земја и вертикално во буквално сите институции на државата. Исто така граничните премини, кои се наоѓаат во општина каде живеат над 20% Албанци ќе бидат двојазични. Тоа во практика би значело дека граничниот премин Блаце кон Косово ќе биде двојазичен, а Деве Баир или Богородица ќе бидат само на македонски јазик.

Сепак, македонскиот останува единствен јазик за меѓународна употребна, банкнотите остануваат еднојазични, исто важи и за униформите на армијата. Македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој за интерни службени цели, односно за меѓусебна комуникација, ќе го користат припадниците на МВР и АРМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Килијан Мбапе го декласира Мароко, па направи потег за паметење (ВИДЕО)

Франција обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство со победа од 2-0 над Мароко, а најголемата ѕвезда на „триколорите“ Килијан Мбапе уште еднаш покажа дека големината на еден фудбалер не се мери само со голови и асистенции.

Килијан Мбапе го декласира Мароко, па направи потег за паметење (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач имаше турбулентна вечер. Промаши пенал, но тоа не го обесхрабри. Во остатокот од натпреварот, тој беше клучниот човек за својот тим, постигнувајќи го првиот гол, а потоа асистирајќи му на Усман Дембеле за конечни 2-0.

Сепак, она што особено го воодушеви фудбалскиот свет се случи по последниот свиреж.

Наместо да слави на голем начин, Мбапе прво им се приближи на разочараните марокански играчи. Ги прегрна и ги тешеше своите противници кои останаа без сон за историски пласман во финалето на турнирот. Интересно е што неговите соиграчи славеа од другата страна.

Од соиграчи до ривали, француската суперѕвезда покажа класа и почит кон тимот кој се бореше одлично.

Погледнете како изгледаше сè на лице место:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба и натаму во темнина- протести низ земјата, САД не отстапуваат од санкциите (ВИДЕО)

Протести избувнаа низ Хавана, при што жителите удираа со тенџериња, свиреа со автомобилски сирени и скандираа „вклучете ја струјата!“.

Куба и натаму во темнина- протести низ земјата, САД не отстапуваат од санкциите (ВИДЕО)

Протести избувнаа низ Хавана, при што жителите удираа со тенџериња, свиреа со автомобилски сирени и скандираа „вклучете ја струјата!“, додека милиони Кубанци останаа без струја поради шестмесечното ембарго за гориво од САД, објави Ројтерс.

Куба денеска доживеа целосен колапс на својата национална електрична мрежа, трет оваа година. Иако властите соопштија дека поголемиот дел од земјата е повторно поврзан со мрежата доцна во вторникот, многу жители сè уште беа оставени во темница и без струја бидејќи островот остана без гориво.

Државниот оператор за електрична енергија UNE соопшти дека мрежните врски се обновени од покраината Пинар дел Рио на крајниот запад на Куба до Холгин на исток. Сепак, Сантијаго де Куба, вториот по големина град на островот, остана исклучен од мрежата и без струја, соопштија властите.

Соединетите Американски Држави ги прекинаа испораките на гориво за Куба во јануари, а потоа воведоа нови санкции кои ги избркаа странските компании и предизвикаа речиси целосен колапс на туризмот, во обид да ја принудат кубанската влада на преговарачка маса.

Соединетите Американски Држави се стремат да ја соборат комунистичката влада на Куба и повикаа на демократски избори и ослободување на, како што велат, политички затвореници.

Куба и Обединетите нации велат дека санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп го кршат меѓународното право и човековите права на жителите на островот.

Стотици исцрпени жители во населбите Хаиманитас и Санта Фе во Хавана излегоа на улиците, додека други седеа на вратите и тротоарите во текот на жешката ноќ, играјќи домино или разговарајќи со соседите додека чекаа да се врати струјата.

Многумина, навикнати на прекини на струја што траеја повеќе од 30 часа, се помирија со уште една ноќ помината борејќи се со комарци и едвај спиејќи.

„Не гледам брзо решение за овој проблем. Нашите електрани се застарени и нема гориво“, рече локалниот жител Амаури Гонзалез, кој излезе од својата куќа за да се напие свеж воздух.

Во некои делови од населбата Санта Фе, електричната енергија беше обновена кратко време по почетокот на удирањето со тенџериња, што ги натера демонстрантите брзо да се вратат во своите домови за да ја искористат можноста додека имаше струја.

Според кубанските и американските претставници, преговорите меѓу двете земји се во ќорсокак.

Амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајкл Валц, за време на дебатата за санкциите на САД во Генералното собрание на ОН, изјави дека кубанската влада е одговорна за недостигот на електрична енергија.

„Променете ги вашите навики и повторно вклучете ги светлата за вашиот народ“, рече тој.

Сепак, огромното мнозинство земји што учествуваа во дебатата го повикаа Вашингтон да ја укине блокадата и да ги укине санкциите што сериозно ја оштетија кубанската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Произведени се леќи, што самите се обновуваат под УВ светлина

Скоро сите носители на меки контактни леќи се соочиле со ситни гребнатини што се јавуваат при секојдневно ракување и чистење. 

Произведени се леќи, што самите се обновуваат под УВ светлина

Иако на почетокот се невидливи, овие микроскопски пукнатини можат да го оштетат здравјето на очите и видот со текот на времето.

Видливото оштетување значи дека леќата мора да се фрли, што создава дополнителни трошоци и отпад, но невидливите гребнатини претставуваат скриен ризик за носителот.

Сепак, се чини дека гребнатинките наскоро може да бидат минато. Хемичарите Јунг-Хјун Чои и Бјонг-Ки Чо од Универзитетот Данкук во Јужна Кореја развија специјални контактни леќи кои се поправаат по само еден час изложеност на обична ултравиолетова (UV) светлина, објавува ScienceAlert.

Како функционира новата технологија

Клучот за иновативниот хидрогел материјал е дисулфиден вкрстувач, молекула што содржи сулфурно-сулфурна врска, чија уникатност лежи во нејзината способност повторно да ги поврзува прекинатите врски.

Дисулфидниот вкрстувач е поврзан со метакрилатен полимер, создавајќи долги молекуларни ланци. Кога ќе се појави гребнатина, физичките врски меѓу полимерите се раскинуваат, но под влијание на UV светлината, тие повторно се врзуваат.

„Овој труд детално ја опишува синтезата, механичките својства и функционалната евалуација на овој хидрогел систем со дисулфидно вкрстено поврзување и ја покажува неговата примена, од примероци од хидрогел до практична форма на контактни леќи“, пишуваат истражувачите во списанието ACS Applied Polymer Materials.

УВ светлината хемиски ги активира сулфурно-сулфурните врски околу оштетувањето, премостувајќи ја пукнатината и повторно спојувајќи ги скршените полимери. Тимот утврди дека на овој начин, околу 90 проценти од структурната стабилност на леќата може да се обнови.

Ефикасно поправање на оштетувањата

За да се направи хидрогелот поотпорен на гребнатини и бактерии, во смесата беше додаден друг полимер.

Новото соединение за леќи потоа беше споредено со контролен материјал направен од стандарден вкрстувач. Истражувачите истакнуваат дека кај комерцијалните хидрогелови леќи, површинските гребнатини од секојдневната употреба се многу почести од целосните кинења.

„DS-хидрогелот покажа ефикасно поправање на површинските гребнатини, додека контролниот хидрогел, без дисулфидниот вкрстувач, не покажа видливо заздравување под истите услови“, известуваат научниците.

Подолготрајни, побезбедни леќи

Покрај неговата способност за самолекување, новиот материјал ја задржува водата, како и постојните меки леќи, и е значително поотпорен на гребнатини. Ова значи дека леќите ќе бидат помалку оштетени на почетокот, а штетата што ќе се појави може да се поправи. Ова отвора можност стандардните уреди за чистење на леќи со УВ зрачење, кои веќе се на пазарот, да можат да се користат и за нивно поправање.

Истражувачите објаснуваат дека оштетените и груби површини го олеснуваат акумулирањето на протеински наслаги, што ја зголемува непријатноста и ризикот од инфекција. „Микрогребнатините можат да ја расејуваат светлината, да предизвикаат отсјај и да послужат како место за акумулирање на протеини или микроби, што го загрозува здравјето на очите“, се наведува во студијата.

„Комбинацијата од способност за самолекување, отпорност на натрупување на нечистотија и подобрена отпорност на гребење го истакнува потенцијалот на оваа хидрогел платформа за функционални контактни леќи од следната генерација“, заклучуваат истражувачите.

Слични технологии за самолекување веќе постоеја, но за нив беа потребни многу високи температури. Можноста за поправка на собна температура, со помош на опрема што корисниците можеби ја имаат дома, е значаен напредок.

Замислете дека едноставно ги ставате вашите истрошени, изгребани леќи во кутија што ќе ги чисти и поправа истовремено, и за еден час ќе имате леќи кои се речиси како нови. Секако, научниците сè уште имаат многу работа пред да се појават ваквите леќи на пазарот, вклучително и дополнително тестирање на безбедноста. Сепак, ова е ветувачки чекор кон значително потрајни и долготрајни контактни леќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер