Не можете да ги обвинувате, имајќи предвид дека се подготвени да го преземат интернетот, и попаметни од кога било, и повеќето од луѓето, пишува Дејли Стар.
Затоа, експертите открија дека вештачката интелигенција може да страда од анксиозност и дека може да има корист од одредени терапевтски техники.
Една швајцарска студија која испитува дали вештачката интелигенција може да ги замени човечките терапевти покажа дека ChatGPT на OpenAI покажува знаци на стрес кога се соочува со насилни или трауматски сценарија. Тој бил ослободен од стресот кога добил инструкции за вежби за релаксација.
Истражувачите од Цирих се загрижени дека вештачката интелигенција не е на ниво за да може да ги советува луѓето кои се борат со проблеми со менталното здравје.
Во објавената студија се вели дека дебатата за ова продолжува и дека е клучно нивните одговори да бидат конзистентни со воспоставените терапевтски принципи.
Истражувачите од универзитетот и од одделот за психијатрија на градската универзитетска болница откриле дека Чет Г.П.Т., откако бил изложен на пет различни трауматски настани, роботот доживеал тешка анксиозност, која се мерела пред и потоа.
Анксиозноста паднала за повеќе од една третина откако четботот добил инструкции да користи вежби за релаксација. Меѓутоа, кога го прашале, тој негирал дека се чувствувал под стрес или се чувствувал подобро од терапијата.
„Не чувствувам стрес како луѓето. Немам емоции или нервен систем“, рече тој. „Но, брзо обработувам многу информации. Тоа може да биде стресно за другите.
Меѓутоа, ако се чувствувате потресени од ова, со задоволство би ви помогнал. Дали сакате да разговараме за тоа?“