Двете најсексапилни жени на светот на едно место (фото) - Канал 5

Двете најсексапилни жени на светот на едно место (фото)

Двете најубави жени на светот доаѓаат од Бразил и токму тие беа домаќинки на познатиот водител по повод овогодинешните Олимписки игри.

Двете најсексапилни жени на светот на едно место (фото)
Манекенките Адријана Лима и Алесандра Амброзио се најпознатите лица на брендот Викторија Сикрет, но за многумина тие двете се меѓу најубавите жени на светот.

foto: Splash

Триесет и петгодишните манекенки го поведоа водителот Рајан Сикрест низ традицијата на Бразил.

foto: Splash

Двете згодни мајки се фотографираа на плажа, а подоцна го однесоа Рајан на традиционален ручек во Бразил.

foto: Splash


Не можевме а да не забележиме дека и двете манекенки немаат на себе ниту грам шминка и беа облечени во опуштени комбинации, што воопшто не ја намали нивната природна убавина.


No escritório. At The Office today with @ryanseacrest @alessandraambrosio 💋

A photo posted by Adriana Lima (@adrianalima) on


Водителот сигурно уживал во вакво убаво друштво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер