Две нови засилување во редовите на Брера Струмица - Канал 5

Две нови засилување во редовите на Брера Струмица

Две нови засилувања промовираше денеска македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица за новата сезоната во ПМФЛ.

Две нови засилување во редовите на Брера Струмица

Нов фудбалер на струмичкиот прволигаш е 25-годишниот колумбиски интернационалец Јорк Бецера, кој е дефанзивен играч за врска, а минатата година настапуваше за колумбискиот Реал Картагена.

Брера Струмица ги засили своите редови и со 20-годишниот Самуел Наков Фуентес кој има македонско и шпанско државјанство, а доаѓа од редовите на бугарскиот второлигаш Дунав Русе./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Има ли начин да се спречи негативниот тренд на наталитетот во Македонија?

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, за Канал 5 вели дека од програмата за четиригодишниот мандат до 2028ма веќе има мерки кои во сила, како бесплатните ин-витро оплодувања и еднократна финансиска помош за новороденчиња, а уверува дека работат и на мерки за помош на мајките и за младите брачни парови при купување нов дом. Според Ѓорчев во падот на наталитетот имаат улога повеќе фактори, и според него за проширување на семејството клучна е желбата, бидејќи статистиката покажала и најразвиените држави се соочуваат со истиот проблем.

„ Сакаме во наредниот период да помогнеме особено во делот на домувањето, затоа што навистина во делот на станбеното прашање треба да се направи повеќе и воедно други програми коишто ќе значат поддршка за мајките и семејствата. / Финаска има 20, 30% помал наталитет од Македонија , Германија 20%, Канада 30% помал наталитет од Македонија, Сингапур и Јапонија имаат 40, 50% помал наталитет, а имаат бдп и плати многу поголеми одошто ние. Значи се работи за комбинација од фактори, но она што е важно и клучно желбата да се има дете, желбата да се има семејство. “-Влатко Ѓорчев – национален координатор за демографија

Според дел од социолозите, еден од главните фактори се финансиите и несигурноста кај младите дека можат да им обезбедат стабилна иднина на своите деца, па затоа многу често се одлучуваат да имаат само едно дете. Универзитетскиот професор Иван Анастасовски смета дека фокусот не треба да е само на еднократната помош, туку државата да ги лоцира причинителите и да изгради силна стратегија која нема да ги оттурнува младите да бараат подобар живот надвор од Македонија.

„ Финансиите се првиот фактор кој влијае за вие да одгледате едно детенце, да го донесете на свет и да го подигнете. Многу е коректно и одговорно секоја држава да има политика која ќе го стимулира на некој начин наталитетот, но знаете како, не е само да ви дадам еднократно парични средства. Еднократните или месечните од 10 илјади денари, 15 илјади денари, нема да ви го покријат стравот кој го имате кај себе како родители дека вашите деца ќе имаат овде сигурна иднина. Ако системот се обиде да ја преземе понатаму грижата за младите луѓе да ги растерети родителите од тој момент да бидат психички постабилни дека нивните деца ќе имаат иднина овде во државата, може да очекуваме дека ќе се подобрува состојбата со наталитетот.“- Иван Анастасовски – универзитетски професор

Според податоците од статистика, има 32,8 отсто пад на бројката на родени деца споредбено со пред 11 години. Во 2014 имало 23.596 новороденчиња, а во 2025 борјот пданл на 15.850.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Жештините не се само непријатност, туку сериозен ризик за здравјето.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Високите температури се причина за зголемена омалаксаност, колапси и други здравствени проблеми, а лекарите бележат и поголем број интервенции. Само во последното деноноќие, на бројот за итни медицински помош биле регистрирани 84 повици, од кои 30 итни.

Докторката Елена Карева-Пиловска за Канал 5 вели дека најголем број од интервенциите се за колапси

Доктор Елена Карева Пиловска вели дека топлите ноќи го нарушуваат сонот, а ненаспаноста и заморот се особено ризици за возачите бидејќи се намалува концентрацијата , што може да биде причина и за сообраќајни незгоди.

Иако температурите ке останат речиси исти почнувајки од попладнево од УХМР најавуваат промена на временската состојба. Се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места се можни и поинтензивни врнежи.. Граѓаните се повикуваат да ја следат прогнозата и навремено да ги преземат потребните мерки.

Од УХМР апелираат граѓаните да ги избегнуваат најкритичните часови, да престојуваат во сенка и редовно да пијат вода. Препораките особено важат за најтоплиот дел од денот, кога температурите го достигнуваат својот максимум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов

Симеон Михалов, таткото на Ива Михаилова, по кого македонското МВР има распишано меѓународна потерница, сè уште се бара за издржување на затворска казна од 12 години и шест месеци.

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов

Од МВР за Канал 5 велат дека немаат информација од бугарските власти дека Михаилов е лоциран или лишен од слобода во Бугарија, иако тој во изминатите денови јавно се појави во бугарските медиуми зборувајќи за случајот на неговата ќерка на која и се суди во кочанскиот суд.

-Доколку МВР на Р.С.Македонија биде информирано од страна МВР на Р.Бугарија дека лицето за кое прашувате е лоцирано или лишено од слобода врз основа на наша распишана меѓународна потерница, потоа Министерство за правда на Р.С.Македонија треба да се обрати до Министерството за правда на Р.Бугарија, со доставување на потребна документација за екстрадиција. Постапката за лицето предмет на интерес не е започната затоа што, не сме известени од бугарска страна дека лицето е лоцирано и лишено од слобода.- МВР

И од Министерството за правда велат дека постапката за екстрадиција ќе ја започнат откако ќе добијат известување дека Михаилов е уапсен. Тој е во бегство од 2013 година, правосилно е осуден за обид за убиство на Драганчо Стоименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група „Детонатор“. Во 2014 година беше екстрадиран во Македонија откако беше уапсен во Италија, а пет дена откако беше пуштен да се брани од слобода пак ја напушти земјава. Оттогаш по него е активна и меѓународната потерница.

Случајот го коментираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој побара од Бугарија да го испорача Михаилов, потсетувајќи дека двете земји се сојузници во НАТО.

-Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга Алијанса која што се вика НАТО Алијанса. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата. Да видиме дали тоа е точно или не е точно, само на тој начин може да ја докаже својата невиност. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Појавувајќи се во бугарските медиуми Михаилов зборуваше за неговата ќерка на која во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќка со смртни последици.

-Само тоа сакаме, да има правичен процес. Обвинителот и сите останати кои биле на местото знаат дека ниту 1 процент нема вина кај нашата ќерка Ива Михаилова. – Симеон Михаилов – Татко на Ива

Таа има двојно, македонско и бугарско државјанство, и се жали на дискриминација, односно како што вели не ѝ е дозволено да се лекува во Бугарија, а на завчерашното рочиште присуствуваа и шестмина бугарски пратеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер