МакедонијаДве години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ по што избега-Судот, обвинетиот Шукри Зеќири го осудува, на единствена казна затвор во траење од две години и три месеци. – Пресуда - Марија Клетничка Марковска - СудијаПо признанието на вина на претходното рочиште, скопскиот кривичен суд денеска ја објваи пресудата за прегазеното 10 годишното момче Емануел Асановски на „Пластичарска улица“. Обвинетиот 21 годишен Шукри Зеќири доби две годишна казна за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и три месеци бидејќи побегнал од самото место и не укажал помош на прегазеното момче, односно еднствена казна од 2 години и 3 месеци затвор.. Како отежнителни околности, меѓудругото, судијката Марија Клетничка Марковска ги наведе тежината на делото, не застанување да укаже помош на момчето, како и пречекорената брзина за 26 кмч. Меѓу олеснителните пак беа посочени младоста на обвинетиот, искреното каење и признавање на вината, како и тоа дека дел од вината била и кај момчето, кое преминувало улица каде нема пешачки премин. -Жртва кај конкретниот случај се јавува 10 годишно дете кое прерано го загуби својот живот и исклучителната болка која е предизвикана кај неговото семејство. / Обинетиот со неговото целосно признание кон брзо окончување на постапката, како и каењето и жалењето на обвинетиот за предметниот настан. - Марија Клетничка Марковска - Судија Откако ќе ја прими пресудата, обвинителството најави дека ќе се жали по однос на висината на казната која ја доби Зеќири, велат од таму за Канал 5, а и семејството на 10 годишнкиот кој го загуби животот искажа незадоволство од пресудата, и тие најавија обжалување на одлуката. -Повеќе од десет години, да губиш дете, со десет години, ова не е реално. Кога губиш дете како ќе се чувствуваш, од тоа нема повеќе тежина, не пожелувам никому ова да му се случи ама ако имаме држава треба правилно да се суди. - Себастијан Асановски – Татко на Емануел Асановски Несреќата се случи на 12 октомври.. Уште истата вечер полицијата го пронајде Зеќири кој со Мерцедесот го напуштил местото, поради како што тврдеше на минатотот рочиште, страв од физички напад, и оттогаш тој е во домашен притвор.. По барање на обвинетелството во домашен притвор ќе остане и натаму до правосилноста на пресудата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook