Третиот скијач од групата бил зафатен од лавината која што се активирала додека скијале во длабок снег, но не е повреден, соопшти полицијата.
Починале 56-годишна жена и 52-годишен маж, соопштено е.
На нив паднал куп снег и спасувачките екипи можеле само да констатираат смрт, соопшти полицијата која поради лошите временски услови накратко морале да ја прекинат спасувачката акција и да продолжат попладнево.
Институтот за проучување на снег и лавина (SLF) повторно издаде предупредување за лавини, истакнувајќи дека денешниот ден може да биде „еден од најопасните во годината“.
Во одредени делови на кантонот Грисонс опасноста е исклучително висока, нивото на тревога е од 4 до 5, информираат од Институтот.
„Свеж и обилен снег и снежни наноси ќе го погодат кревкиот слој на постариот снег и поради тоа може да се очекуваат спонтани големи лавини“, предупредува SLF.