ДСЗИ: Договорите на нововработените само со потпис на Иљази се невалидни

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска повторно ја посетија Клиниката за токсикологија.

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска повторно ја посетија Клиниката за токсикологија. Се проверуваше по кој основ им биле продолжени договорите за работа на 18те вработени на дело. Од инспекторатот велат договорците се примени со само еден потпис од организацискиот директор што е спротивно на законот за здравствена заштита. Вработувањата следуваат откако пред една недела по наредба на министерството за здравство медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски беше разрешен од функцијата.

„Децидно стои во законот за здравствена заштита дека договори за вработување мора да бидат потпишани од двајцата директори , како и за отказни решенија , јавни наабавки .... Во овој случај станува збор за договори за вработувања потпишани само од организацискиот директор. “-изјави ДСЗИ Рената Малденовска.

Ингеренциите на инспекторат завршуваа тука, па случајот сега ќе биде испратен во министерството за здравство, кое треба да ја провери валидноста на договорите.

„ Согласно законот за здравствена заштита работодавецот не предвидел глоба за ваквата работа и поради тоа предметот ќе биде испратен во здравство, за да се провери валидноста на договорите.....Министерстовто за здравство има ингеренции да постпаува доколку валидноста на договорите не е исправна, односно доколку не се валидни треба правниот сектор да се извести,“ -изјави ДСЗИ Рената Малденовска.

Според информации на Канал 5, во моментов дел од договорците, меѓу кои и болничарот, кој барал урина со наркотици да се замени со чиста, директорката Иљази ги испратила на годишен одмор, иако наши извори велат дека не им следува. Додека една сестра и една хигиеничарка, се откажале од вработувањето.

Вчера непријатно добредојде ги пречака вработените на Клиниката. Каде веднаш до апаратот за регистрација на работното време беше поставено писмено известување по наредба на економската директорка Бесија Иљази со кое им се забранува на вработените да даваат изјави или интервјуа поврзани со работата на токсикологија. Натписот и покрај рекации во јавноста и натаму стои, а врбаотените може да даваат изјави само со дозвола од Иљази, оние кои нема да ја почитуваат наредбата ќе подлежат на санкции.

Во Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него. Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.

Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, а во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, бројни делегации и фанови ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Во Крушево ќе присуствува и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој откако ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, ќе го посети и Спомен домот на Тоше.

Напладне во Спомен домот на Тоше, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун“ ќе изведат негови песни, а ќе настапат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Бугарија, под раководство на Аделина Колева.

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата, како што информираат од ЈОРСМ, е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

- Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Промоција на нови полициски службеници

 Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници - генерација 2024-2025.

На промоцијата, како што соопшти МВР, ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски.

притисни ентер