4 члена од семејство на индиски милијардер ќе одат во затвор поради експлоатација на работници

Четири члена од семејство на индиски милијардер ќе одат во затвор во Швајцарија поради експлоатација на работници.

Милијардерот од Индија по име Пракаш Хиндуџа и тројца членови на неговото семејство денеска беа осудени на затворски казни во Швајцарија поради експлоатација на индиски работници во нивната вила во таа земја, така што им го одземале пасошите, им забранувале да излегуваат надвор и ги принудувале да работат и до 18 часа дневно.

Пракаш Хидуџа (79), неговата сопруга Камал (75), синот Ајај и неговата сопруга Намрата се осудени на затвор од четири до четири и пол години. Петтообвинетиот, семејниот менаџер Наџиб Зијази, е осуден на 18 месеци затвор.

Судот одлучи дека четворицата се виновни за експлоатацијата и незаконското вработување на работниците, речиси целосното одбивање на здравственото осигурување на работниците и исплата на плати кои не достигнуваат ни десетина од платата што се исплаќа во Швајцарија за таквите работни места.

Според обвинителите, работниците опишале „атмосфера на страв“ која Камал Хиндуџа ја правел. Тие биле принудени да работат со многу малку или без време за одмор, а во моментот на прием работеле до доцна во ноќта. Тие спиеле во подрумот на вилата, лоцирана покрај езерото, и тоа не задолжително на кревети, туку на душеци на подот.

Швајцарскиот суд не ги прогласи обвинетите за одговорни за некои од посериозните точки од обвинението, како што е шверцот на луѓе, бидејќи, како што беше речено во судот, работниците знаеле во што се впуштаат - барем делумно.

Тоа се главно неписмени Индијци кои не биле платени во швајцарски франци, туку во индиски рупии, а овие средства им биле исплаќани во банките во Индија до кои немале пристап.

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни 500 милијарди евра за одбраната во следната деценија

Фон дер Лајен нагласила дека во периодот од 1999 до 2021 година, пред руската агресија врз Украина, ЕУ ги зголемила трошоците за одбрана за само 20 проценти.

Во текот на следната деценија на Европската Унија ќе и бидат потребни 500 милијарди евра инвестиции во одбрана, што според сегашните цени би значело дека блокот има недостиг од 400 милијарди евра, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европските лидери на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

Според дипломатски извори, Фон дер Лајен нагласила дека во периодот од 1999 до 2021 година, пред руската агресија врз Украина, ЕУ ги зголемила трошоците за одбрана за само 20 проценти, за разлика од Кина и Русија, чии одбранбени трошоци пораснале за 600, односно 300 отсто.

- Прашањето е како да се обезбедат 500 милијарди евра, нагласила таа.

Сепак не е јасно дали во сумата од 500 милијарди се вклучени и средствата наменети за воена поддршка на Украина, како што е доставата на оружје и муниција и за модернизацијата и изградбата на украинската одбранбена индустрија.

Сите членки на ЕУ заедно во текот на 2022 година издвоија околу 240 милијарди евра за одбраната, а за споредба истата година САД потрошиле околу 718 милијарди евра.

Меѓу членките на ЕУ не постои согласност како да се обезбедат потребните финансиски средства за зголемување на производството на европската одбранбена индустрија, при што како можност се споменуваат кредити од Европската инвестициска банка или идејата на Франција и Германија за издавање на „еврообврзници за одбрана“ со што би се прибрале средства од финансиските пазари, на што се противат „поштедливите“ земји, како Холандија, кои инсистираат на изнаоѓање други извори за изнаоѓање финансии.

Европската комисија претходно го предложи Европскиот одбранбен индустриски план за обнова и зајакнување на воено-индустрискиот комплекс на ЕУ, но со него беа предвидени помалку средства од сумата што сега ја споменува Фон дер Лајен. /МИА

Во Шпанија уапсени четворица Колумбијци од подморница која превезувала кокаин

Шпанската полиција соопшти дека пресретнала уште една импровизирана подморница, со која најверојатно се транспортирал кокаин од Јужна Америка во Европа, при што се уапсени и четворица колумбиски државјани.

Тие се уапсени откако полицијата пред два дена пронашла импровизирана подморница, долга 20 метри, која пловела кон брегот на Шпанија.

Подморницата е слична на претходно пресретнатите подморници во претходните операции во северозападниот дел на Шпанија во 2019 година, кога се откриени и запленети три тони кокаин.

Слични пловни објекти се откриени во Атлантски Океан, посебно во близина на Централна и Јужна Америка. /МИА

Тен Хaг го засилува стручниот штаб со легенда на Јунајтед

Ерик Тен Хаг дефинитивно останува на клупата на Манчестер Јунајтед, а за новата сезона покрај нови играчи планира и засилувања во стручниот штаб.

Холандскиот „Voetbalzone“ пишува дека се е веќе договорено со Рене Хаке, 52-годишниот тренер на Го Ахед Иглс, кој минатата сезона за прв пат во својата историја го однесе овој клуб во Европа.

Рене Хејк и Тен Хаг се познаваат од времето кога работеа заедно во Твенте.

За светските медиуми уште поинтересен е податокот дека Руд Ван Нистелрој е се поблиску до враќање на „Олд Трафорд“. Легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед во последните денови се споменуваше како можен нов менаџер на Барнли, но се чини дека ја прифати поканата на Тен Хаг да му се приклучи на неговиот стручен штаб.

Тен Хаг веќе има помош од сонародник. Со него во 2022 година во Манчестер Јунајтед пристигна и Мичел ван дер Гаг, кој претходно му беше помошник во Ајакс./МИА

притисни ентер