Дру Баримур демантира дека дала интервју во египетско списание - Канал 5

Дру Баримур демантира дека дала интервју во египетско списание

Холивудската ѕвезда демантира дека објавеното интервју , во кое наводно раскажува за своите романтични врски , е вистинито.

Дру Баримур демантира дека дала интервју во египетско списание

Лажно е интервјуто објавено во египетското списание на авиокомпанијата Еџипт Ер , вели Баримур . Чудното интервју , преполно со правописни и технички грешки , како и наводни совети во кои Дру им препорачува на гојазните да ја намалат тежината , наиде на остри критики во целиот свет. Написот го забележал новинарот Адам Барон, кој го нарекол ,,нереален” .

Написот почнува со изјава дека актерката е засрамена од нејзните романтични врски. Се наведува дека и покрај неуспешните врски и бракови , актерката решила да му се посвети на мајчинството.

Во интервјуто , за кое холивудската актерка вели дека воопшто не била прашана , се вели дека таа изјавила дека е пресреќна кога ќе и речат дека си го вратила изгледот и успеала да ја намали тежината. Таа дури и ги охрабрува жените да си ја вратат витката линија и убавниот изглед , а тоа не било тешко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави:

„Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта.

Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата

 Руската партија „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Државната дума, изјави во понеделникот претседателот на партијата, Дмитриј Медведев.

Медведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата

„Партијата ‚Единствена Русија‘ навистина доби поддршка без преседан – над 58 отсто од гласовите – и имајќи ги предвид овие резултати, ќе ја формираме најголемата пратеничка група во нашата историја“, изјави Медведев по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на партиите што, според изборните резултати, влегоа во новиот состав на парламентот, пренесува „РИА Новости“.

Според конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот состав, „Единствена Русија“ освои 349 од вкупно 450 пратенички места.

Изборите за рускиот парламент се одржаа од 18 до 20 септември, а новиот состав ги вклучуваше претставниците на пет политички партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“ и „Праведна Русија – За вистината“, како и претставник на партијата „Родина“ и четворица независни кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер