Шоу бизДрама на Миконос: Мат Дејмон се евакуира од плажа поради дојава за бомба (ВИДЕО)Актерот Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана беа меѓу 4.000 туристи кои наводно се евакуирале од областа на плажата Парага во саботата.Мет Дејмон, прославениот холивудски актер и сценарист на 53 години, и неговата сопруга Лусијана (47), наводно биле евакуирани од плажата Парага во Миконос, Грција, поради дојава за бомба. Грчките списанија Protothema и KNews објавија дека локалната полиција добила е-пошта околу 23 часот по локално време во сабота, 13 јули, со предупредување за експлозивни направи на четири туристички места на островот. Видеото на TikTok ги фати Мет и Лусијана за време на евакуацијата од клубот на плажа Сантана, каде што го поминувале времето. На видеото се гледа како парот мавта кон камерата пред да заминат. @queen_casablanca #fypage #scorpiosmykonos #mykonos #mattdamon #jasonbourne ♬ πρωτότυπος ήχος - Elena Casablanca Nyamwaya Odul Кога полицијата била информирана за заканите, таа брзо им наложила на местата во Парага да ја исклучат музиката и ги повикале посетителите да се евакуираат, според извештаите на Protothema и KNews. Во тоа време, во областа имало околу 4.000 туристи. По евакуацијата, итните служби потврдиле дека заканата била лажна, како што пренесува KNews. Во текот на целата драма, Мет Дејмон останал присебен. View this post on Instagram A post shared by Fan of Liam Hemsworth (@liamhemsworthstuff) Мет Дејмон е пријател со Лијам и Крис Хемсворт, а Лусијана е блиска со сопругата на Крис, Елса Патаки. Тие често одмараат заедно на Миконос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter