Драгана Мирковиќ живее во дворец вреден 50 милиони евра - Канал 5

Драгана Мирковиќ живее во дворец вреден 50 милиони евра

Замокот има сала за бал, каде пејачката организира семејни прослави, а се работи и на музејот, како дел од имотот, кој ќе биде отворен за посетители.

Драгана Мирковиќ живее во дворец вреден 50 милиони евра

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ живее со сопругот Тони и децата во Виена, во прекрасен дворец вреден 50 милиони евра.

Еден од најинтересните факти за дворецот е дека во него некогаш живеела Марија Тереза, која често престојувала во него кон крајот на 17 век.

Драгана не го експонира својот приватен живот во јавноста, но не одолеа да го покаже историското здание со кое е многу горда. Дворецот не е целосно реновиран, токму поради тоа што пејачката сакала се да биде автентичен, па потребно е многу повеќе време за уредување.

Таа и нејзиниот сопруг заедно ја уредувале внатрешноста на дворецот, а тој главно бил вклучен во изборот на мебелот. Уникатните предмети најчесто се купувале во Италија.

Пејачката е особено горда на бањата која е целосно украсена со кристали Сваровски, со антички мотиви, комода Версаче. Тие се дел и од декорацијата во дневната соба.

Замокот има сала за бал, каде пејачката организира семејни прослави, а се работи и на музејот, како дел од имотот, кој ќе биде отворен за посетители.

Зборувајќи за својот луксузен имот, Драгана своевремено за српските медиуми истакна дека не знае колку соби има во нејзиниот дом, но познато е дека замокот има дури 235 прозорци.

- Не знам точно, но ги има многу. Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влезници. Потребно е и обновување на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници - изјавила своевремено Драгана.

Специјалното катче на Драгана е галерија во која се наоѓаат сите спомени кои ги стекнала во текот на нејзината кариера, од награди до многу обожаватели.

Инаку, домот на Драгана претходно сакаше да купи шеик за цели 200 милиони евра, но фолк ѕвездата љубезно ја одби неговата понуда.

Извор: Аваз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска.

Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект.

Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација.

Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер