3 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканДодик се сретна со Лавров: Ништо нема да го наруши пријателството на Република Српска со РусијаРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата во Санкт Петербург му се заблагодари на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик за ставот на српската страна.Самиот Додик истакна дека БиХ не се приклучува кон санкциите против Руската Федерација. Лавров и Додик се сретнаа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, каде лидерот на босанските Срби утре ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. Како што јави Радио телевизија на Република Српска, шефот на руската дипломатија му се заблагодарил на српскиот член на Претседателството на БиХ за неговите ставови за воведувањето санкции кон Русија. Састанак с министром Сергејем Лавровом #StPetersburg pic.twitter.com/ZhflMykHl4 — Милорад Додик (@MiloradDodik) June 16, 2022 „Знам дека има многу во БиХ кои сакаат да го уништат пријателството меѓу Република Српска и Русија. Се надевав на наша средба во Белград, но знаете зошто, за жал, тоа не се случи“, рече Лавров на средбата со Додик. Минатонеделната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград, каде што требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и Додик, беше откажана откако на неговиот авион му беше забрането да лета над соседните земји. Српскиот член на државниот врв во изјава за медиумите посочи дека БиХ не вовела санкции кон Руската Федерација, што го разлути Западот и дека српската страна е под силен притисок поради тоа. „Изложени сме на сериозни притисоци, особено во однос на конфликтот во Украина. Од нас се бара да се приклучиме на санкциите против Русија, но Република Српска не го дозволува тоа“, рече Додик. Тој додаде дека на Меѓународниот форум во Санкт Петербург дошол како претставник на Република Српска. На собирот тој ѝ порача на БиХ дека земјата останува нестабилна бидејќи е под протекторат на западниот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Свет Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата. -Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел. -На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00