До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Зеленски потпиша закон за користење на англискиот јазик во меѓународна комуникација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој официјално се воспоставува англискиот јазик како јазик на меѓународна комуникација во Украина.

Документот дефинира и листа на позиции за кои од вработените се бара течно да зборуваат англиски.

Конкретно, познавање на англискиот јазик е задолжително за раководителите на управите на локалната самоуправа, воените службеници, обвинителите, даночните власти, царинските службеници, наставниците и здравствените раководители.

Државните службеници кои зборуваат англиски јазик ќе добиваат бонус на платата од 10 проценти. Дополнително, ќе се обезбеди буџетска поддршка на кината за прикажување филмови на англиски јазик./МИА

ЕП 2024: Фоден го напушти кампот на Англија

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Фил Фоден, привремено го напуштил кампот на репрезентацијата на Англија во Германија, пишува локалниот печат.

Тој се врати во Велика Британија поради итни семејни проблеми, потврдија малку подоцна од ФА.

Фоден ги започна сите три натпревари на Англија досега на Евро 2024, но не успеа да импресионира и беше заменет против Словенија и Данска. Се очекува крилниот напаѓач да им се врати на соиграчите во наредните денови.

„Трите лава“ со пет бода и со само два постигнати гола го освоија првото место во групата „Ц“, а подоцна денеска ќе го дознаат противникот во осминафиналето. /МИА

Видео: Во Италија со црвена боја против фемицидот

Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. /МИА

притисни ентер