Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
2Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
ХороскопДневен хороскоп за 16. мај 2023 година Дневен хороскоп за вторник, 16. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи. Кариера Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално. Здравје и совет Издржете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете. Кариера Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно. Здравје и совет Нека ве води вашето знаење. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака. Кариера Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата. Здравје и совет Не правете ништо на своја рака. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаетед ека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни. Кариера Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро. Здравје и совет Вие сте комплетна личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате. Кариера Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори. Здравје и совет Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами. Кариера Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок. Здравје и совет Продолжете понатаму. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас. Кариера Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате. Кариера Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето. Кариера Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции. Здравје и совет Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот. Кариера Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно. Здравје и совет Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Посвертеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила. Кариера Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи. Кариера Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава. Здравје и совет Може да ги предлагате своите идеи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓанитеНаш приоритет е обновување и унапредување на здравствениот систем. Со набавката на 100 нови амбулантни возила правиме значаен чекор кон побрзи и поефикасни интервенции, но продолжуваме да ги решаваме и останатите наследени проблеми. Во периодот што следи, фокусот ќе биде на нови инвестиции во здравството, вклучително и Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти што се планира да се финансираат со поддршка на Светската банка и Европската инвестициска банка. Со конкретни проекти и решавање на проблемите чекор по чекор, продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамБМВ не се откажува: Новиот М3 со бензински мотор е потврден за 2028. (ВИДЕО)BMW не се откажува од својот стандарден шестцилиндричен мотор. Иако пристигнувањето на електричниот M3 се очекува за неколку месеци, одделот M развива и спортски седан од нова генерација со бензински мотор, чиешто излегување е закажано за 2028 година. Новите шпионски снимки од тестирањето го откриваат прототипот под дебела камуфлажа, а снимен е и звук од мотор со внатрешно согорување. Иако возилото е скриено, масовно раширените браници потврдуваат дека станува збор за M модел, а не неодамна претставениот M350 xDrive. Звукот снимен кога моторот се пали дава навестување за тоа како би можел да звучи еден од последните, а можеби и последниот, M3 со бензински мотор. Нов мотор за построги стандарди Под хаубата веројатно се наоѓа надградена верзија на познатиот двоен турбополнет 3,0-литарски шестцилиндричен мотор, познат интерно како S58. Сепак, моторот нема да биде идентичен со оној во сегашниот модел. БМВ претходно објави „нов тип шестцилиндричен мотор“, што ги поттикна шпекулациите за можното воведување на некаков вид електрификација. Во меѓувреме, компанијата ја отфрли можноста за инсталирање на тежок plug-in хибриден систем, па затоа најверојатното решение е благ хибрид, првенствено поради сè построгите еколошки прописи. BMW неодамна веќе го адаптира моторот за европскиот пазар за да ги исполни нормативите Euro 7. За таа цел, се користи технологијата „M Ignite“, која веќе е применета кај моделите M2 и M4. Системот вклучува палење со претходна комора, две свеќички по цилиндар и турбополначи со променлива геометрија. Целта е да се подобри ефикасноста без намалување на моќноста, а BMW истакнува дека оваа технологија му дава и на моторот поостар звук при повисоки вртежи. Крај за рачниот менувач и погонот на задните тркала? За да се исполнат идните прописи на Европската Унија, следниот M3 би можел да добие и 48-волтен благ хибриден систем, иако BMW сè уште официјално не го потврди ова. Покрај тоа, имаше гласини кои укажуваат на голема промена во филозофијата на моделот. Според тие информации, BMW би можел да понуди исклучиво погон на сите тркала како стандард во следниот бензински M3. Тоа би го означило крајот на опциите само со погон на задните тркала со мануелен менувач, што е значително отстапување од 40-годишната традиција на моделите M3 што датира од оригиналниот четирицилиндричен E30. Останува надежта дека купувачите барем ќе имаат можност да го исклучат погонот на предните тркала, како што е случајот со сегашниот M3 Competition xDrive и новиот M350 xDrive. Сепак, љубителите на класичната комбинација со три педали и погон на задните тркала треба да размислат за купување на сегашниот G80 додека е сè уште достапен. Ограниченото издание M3 CS Handschalter би можело да биде последниот M3 со мануелен менувач. Дизајн и цени на идните модели Во однос на изгледот, се очекува бензинскиот M3 во голема мера да се потпира на најавениот електричен M3 во однос на дизајнот. Пропорциите малку ќе се разликуваат, но целокупниот дизајн на надворешноста и ентериерот ќе бидат речиси идентични. До крајот на деценијата, на пазарот треба да се појават каравански верзии на двата модели, едната со четири електрични мотори, а другата со шестцилиндричен бензински мотор. BMW веќе објави дека обете верзии на моделот M3 ќе имаат слична цена.Тагови: бмв мотор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин ПотокГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината. - Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook