Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ХороскопДневен хороскоп за 16. јануари 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 16. јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувствителноста на саканата личност ќе ви предизвикува дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и пријатни. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Радувајте се на она што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете особено сентиментални и ранливи. Има голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Можни се натегања со претпоставените и тоа за ситни работи за кои не се согласувате. Не почнувајте кавга , туку работете како што треба. Здравје и совет Верувајте им на другите . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сега се е јасно и без притисок може да уживате со саканата личност. Оние кои се сами , добро се забавуваат. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност, но во одлучувањето ќе бидат необјективни. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе добиете покана за да излезете , каде ќе ви биде загарантирана добра забава , пријатно друштво и пријателски односи. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте и одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни поени на работното место. Здравје и совет Преспијте пред одлуките. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем што долго ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Најверојатно дека ќе постигнете добар договор во врсјка со спонзорирање на еден проект во кого се сомневавте. Здравје и совет Алтернативната терапија може да има добро влијание. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат ,а денеска во нов ќе се обидете да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција , а за некои и поголема способност за соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон сите. Рак 22.6-22.7. Љубов Во дртуштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да дивеете поради нервозата што ве наведувала на грешкиво чекори. Кариера Додека се одморате во тишината на својот дом себесди се замислувате на повисока позиција на работното место. Продолжете да сонувате. Здравје и совет Осмислите ги прашањата пред да ги поставите. Лав 23.7-22.8. Љубов Се прашувате колку дена ќе бидат потребниза другите да ве сфатат и разберат. Потрудете се да се изјаснувате појасно и се ќе си дојде на своето место. Кариера Денеска по прашање на финансиите би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , кој може да се справи со секаков проблем. Здравје и совет Бидете конкретни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал чекор ве дели од помирувањето и квалитетниот однос , но потребно е уште мало трпение. Кариера Ќе договарате деловни планови без проблем , а другите ќе ви помагаат. Во сето тоа до израз ќе дојде вашата заводливост. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е искушението да се согласите на некои отстапки , иако не ви е по волја.Најдете компромис. Кариера На работното место се ќе се одвива површно ибез значителни достигнувања. Денот ќе ви летне , а вие ќес е прашувате што сте сработиле. Здравје и совет Имате форма на која ви завидуваат. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои сеуште се сами имаат шанса да воспостават блиска врска со личност со која што работат или со која се познаваат преку работата. Кариера Очекувајте нови , големи задачи на кои вреди да им се посветите со полно внимание. Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Премногу се грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни ,а со тоа и постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Доколку помислите дека ништо не ви оди од рака , поработете на својата воздржаност и трпение. Ќе биде подобро. Здравје и совет Одморете си ги нозете .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долариАмериканскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Енвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската канцеларија за владина етика.Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции со акции на Енвидија. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100 и 250 илјади долари. Една недела подоцна следувало уште едно купување, во вредност меѓу илјада и 15 илјади долари, а потоа и уште продажба со идентична вредност. Информациите доаѓаат во момент кога Трамп се соочува со остри критики откако изјави дека лично го убедил управниот одбор на технолошкиот гигант „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, по неговата оставка поради љубовна врска со кинеска бизнисменка, за која американските власти се сомневаат дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повредаОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немалоПотрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој. На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“. Граѓаните се збунети „Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението. Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала. Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав. Извор: Индекс.хрТагови: Истанбул лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter