Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ХороскопДневен хороскоп за 1. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за четврток, 1.јуни 2023 година.Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Барањата за внимание од еден член ан вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Рак 22.6-22.7. Љубов Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Тргнете се настрана и средете си ги мислите. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца. Кариера Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Кариера Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Здравје и совет Нервоза и замор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок. Кариера вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него . Здравје и совет Победувате со издржливоста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате. Кариера Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината. Здравје и совет Не морате се да откриете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост. Здравје и совет Не треба да жалите по она што поминало. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност. Кариера Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци. Здравје и совет Бидете пример за помладите од вас. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не зсе знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Здравје и совет Потребна ви е релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска. Кариера Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Веќе ништо не може да ве изненади. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ги имате сите адути вос воите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Кариера Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Здравје и совет И натаму чувствувате замор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПромовирана платформата „ЕКОСКОПЈЕ“: Граѓаните полесно ќе може да пријавуваат еколошки проблемиДиви депонии, расфрлан отпад и полни контејнери – проблеми кои скопјани отсега ќе можат да ги пријават со само еден клик. Младите ја создадоа „ЕкоСкопје“, дигитална платформа преку која пријавите треба директно да стигнуваат до надлежните служби. Како функционира платформата и како граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, дури и анонимно, објаснува 18-годишниот Андреј Божиновски, кој стои зад нејзината техничка реализација. „Пред се да се поттикне пријавување на овие проблеми и да не се оди на оној класичен начин преку социјални медиуми кадешто ќе биде ајде да напишеме одреден пост за полни контенјери или слично...На самата апликација вие веднаш ќе може да си пријавите и веднаш знаете дека ќе стигне до правилното место без да треба препраќа, без да треба да се оловлекува таа постапка, надлежните служби одма ќе имаат увид и ќе постапат. Пријавувањето може да биде анонимно, може да биде и со профили“,-– Андреј Божиновски. Освен пријавување на еколошките проблеми, платформата ќе овозможи и следење на тоа колку брзо надлежните служби реагираат. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочува дека на овој начин граѓаните ќе имаат подобар увид во постапувањето на институциите, а ќе се зголеми и транспарентноста на Град Скопје. „Тука ќе се види брзата реакција на Градот Скопје и на службите. Ако се работи за депонија покомплицирана работа ќе треба неколку денови да се сработи истата, но кога се работи за одредени ситни пропустиц тогаш ќе можеме веднаш да постапиме со службите и да дадеме конкретен резултат.Ова ја зголеми транспарентноста на Скопје, ние влеговме како град во процес на целосна дигитализација .. Нешто што целосно недостасуваше во минатото“-Орце Ѓорѓиевски. Дополнително, во однос на комуналната хигиена, Ѓорѓиевски тврди дека со ставањето во функција на новите камиони, службите поефикасно се справуваат со проблемите на терен. Посочи дека за 11 месеци се набавени 3.300 нови контејнери, а за следната година најави набавка на уште 20 камиони за одржување на комуналната хигиена. Исто така „ЕкоСкопје“ нема да служи само за пријавување отпад и диви депонии. Преку платформата граѓаните ќе можат да го следат и квалитетот на воздухот во главниот град, со податоци од официјалните и приватните мерни станици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителниБрзата помош доби 100 нови возила, интервентните возила се со подобар квалитет во делот на ЕКГ, респираторна поддршка, дефибрилатор, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Во моментот на целата територија има 100 возила, но 40 од нив не се во употреба. Освен новите возила, ќе има нови вработувања а најдефицитарни се возачите на брзата помош. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека и во наредената година ќе има нови 50 возила на брзата помош и изградаба на новиот клинички центар. Како новини во брзата помош е најавено брзата помош да биде одвоена како посебна институција од здравствениот дом со цел да има подобра ефикаснот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаОдложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведокОдложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата. Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври. Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна. Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци. – Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“. На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври. Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook