Џорџ Клуни бил платен само 3 долари за филм, номиниран за шест Оскари (ВИДЕО)

Џорџ Клуни некогаш беше најплатениот актер во светот, но можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тој добил само 3 долари за еден од неговите најпознати филмови.

За неговата историска драма од 2005 година, Добра ноќ и среќно, Клуни, покрај улогата на актер, се најде и во улогата на режисер и сценарист на филмот. Но, наместо да бара милионски висока плата, Клуни земал само по еден долар за секоја од тие три работни места.

Добра ноќ и среќно, во кој што глумат и Дејвид Стратхерн и Роберт Дауни Џуниор, е сместен во 1953 година и се фокусира на вистинската животна приказна на радио и телевизискиот новинар Едвард Р. Мароу, кој се обидел да го собори американскиот сенатор Џозеф Мекарти. Снимањето на филмот чинело само 7,5 милиони долари, а ниската плата на Клуни веројатно помогнало да се задржат трошоците толку ниски.

Клуни толку многу сакал да ги сними Goodnight and Good Luck што дури и ја ставил под хипотека сопствената куќа за да ги собере парите. Неговото коцкање се исплатело бидејќи филмот заработил повеќе од 54 милиони долари ширум светот, што е повеќе од седум пати повеќе од неговата инвестиција.

Добра ноќ и среќно не беше само комерцијален успех, туку бил миленик и од жирито на наградата. Тој бил номиниран за шест награди Оскар, вклучувајќи за најдобар филм, најдобро оригинално сценарио и најдобар актер, како и шест награди БАФТА и пет Златни глобуси.

Критичарите исто така се радувале на историската драма - таа има импресивни 93 проценти позитивни критики од критичарите и 83 проценти позитивни критики од публиката на Rotten Tomatoes, додека има оцена од 7,4 на IMDB. Клуни изјави за Лос Анџелес Тајмс во 2012 година дека гневот е движечката сила зад филмот.

„Го напишав „Добра ноќ и среќно“ затоа што бев лут зашто ме нарекоа предавник на мојата земја кога реков дека треба да поставуваме прашања пред да испратиме луѓе во војна, и најдов начин да го изразам тоа во филм“, рече тој.

Ненадејно почина 18- годишен војник, кој одел покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора

Младиот војник Џек Бурнел-Вилијамс (18), кој бил дел од единицата која одела покрај ковчегот на кралицата Елизабета за време на нејзината погребна церемонија, бил пронајден мртов во касарната Хајд Парк, јавуваат британските медиуми.

Младиот човек бил пронајден мртов во касарна во центарот на Лондон, а иако смртта била „неочекувана“, полицијата соопштила дека не се обвинува како сомнително.

„Смртта беше неочекувана, беше истражена и не се третира како сомнителна. Службениците ќе помогнат во подготовката на извештајот за патологот“, изјави портпаролот на Метрополитен полиција.

На денот на погребот на најдолговечниот британски монарх, Џек одиграл една од клучните улоги. Тој беше дел од поворката што го чуваше ковчегот на Елизабета додека го носеа на кочија од Вестминстерската опатија до Велингтон Арх.

Неговото семејство никогаш не престанало да нагласува колку се горди на својот син, особено затоа што, како што рекоа, „Џек ја изврши својата должност кон кралицата на нејзиното последно патување“.

Исто така, се смета дека Џек учествувал во голем број церемонијални настани за време на официјалниот период на жалост по смртта на кралицата на 8 септември - вклучувајќи ја и должноста чувар на кралот Чарлс III и постарите членови на кралското семејство додека ковчегот бил носен во Вестминстерската опатија.

Во јуни оваа година, само еден месец откако Џек наполни 18 години, неговата мајка Лора споделила видео од нејзиниот син како учествува на јубилејната парада на кралицата.

„Еден од најгордите денови во мојот живот“, напишала таа тогаш.

Таа сега на својот Фејсбук ја потврди трагичната вест, со емотивна објава дека целото семејство е со скршено срце и дека се уште се во неверување бидејќи ги загубиле саканиот син и брат.

Либанскиот претседател доби американски предлог за демаркација на поморската граница со Израел

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел.

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел, во екот на преговорите за граничниот спор за околу 860 квадратни километри во Медитеранот,

Американските медиуми пренесуваат дека Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека полагаат право врз околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Кабинетот на претседателот Аун потврди дека за време на денешната средба во претседателската палата во Баабда, амбасадорката Ши му ги претставила предлозите на американскиот посредник Амос Хохштајн.

Во минатонеделното интервју за локалните медиуми, претседателот Аун оцени дека преговорите наскоро би можеле да завршат, со порака дека Либан „ќе го добие правото да вади нафта и гас“.

Викторија Бекам ја облече 11- годишната ќерка во фустан со деколте, фановите згрозени (ФОТО)

На ревијата на Викторија Бекам во Париз, 11-годишната Харпер носеше црн фустан кој наликува на неглиже и има длабоко деколте украсено со тантела.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а многумина ја нападнаа модната дизајнерка и напишаа зошто ја облекла ќерка си во таков фустан. Сметаат дека тоа е „несоодветно и одвратно“ за нејзините години.

"Овој фустан што Викторија ѝ го облече на нејзината ќерка е несоодветен за нејзината возраст. Што мислеше Бекам? Таа ги покажува градите на ќерка си. Срам да ѝ е", "Не ми е гајле дали некој не се согласува, но фустанот на малата Харпер е несоодветен", се некои од коментарите.

Други напишаа дека Харпер многу ги потсетува на Викторија и дека многу девојчиња сакаат да личат на нивните мајки, а Бекам ѝ ја исполнила желбата.

Инаку, Викторија ја претстави новата колекција за следната година во Париз, а со неа беше и нејзиното семејство.

притисни ентер