ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
ЖивотЛондонскиот „Хитроу“ веќе не е аеродромот со најдобра поврзаност во светот Поголем од Менхетен, Мега-аеродромот што собори рекорди и го освои светот. .Истанбул, градот на два континентите, отсекогаш бил клучен глобален центар – улога што сега е дополнително зацврстена со аеродромот „iGA Istanbul“. Според најновите податоци, тој го престигна лондонскиот „Хитроу“ и стана аеродром со најдобра поврзаност во светот. Оваа висока позиција е потврдена со индексот „мегахаб“ (megahub) за 2026 година, објавен од OAG, глобален провајдер на податоци за патувања. Рангирањето го споредува бројот на можни меѓународни летови со вкупниот број дестинации достапни од аеродромот, при што анализата се заснова на податоци од денот со најголем сообраќај во годината – 2 август. „Конечно го зазедоа првото место“, изјави Џон Грант, главен аналитичар во OAG. Извршниот директор на аеродромот, Селахатин Билген, за CNN изјави дека ова е значајно достигнување што го одразува статусот на аеродромот како глобален воздухопловен центар. „Веќе летаме до околу 350 дестинации ширум светот, а сепак има многу простор за раст“, додаде тој. Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам го зазема третото место на овогодишната листа, а по него следат Куала Лумпур и „О’Хеар“ во Чикаго. Аеродром вреден 12 милијарди долари беше отворен во 2018 година на европската страна на Истанбул. Неговиот терминал со површина од 1,4 милиони квадратни метри е најголемиот во светот под еден покрив, а целиот комплекс – кој по површина е поголем од Менхетен – е дизајниран да опслужува огромен обем на сообраќај. Во моментов, низ аеродромот годишно минуваат повеќе од 84 милиони патници, што го прави осми најпрометен во светот, иако долгорочната цел е да се достигне капацитет од 200 милиони патници. Тоа е двојно повеќе од сообраќајот што моментално го опслужува „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, најпрометниот аеродром во светот. Аналитичарот Грант смета дека „iGA Истанбул“ нема да има конкуренција во наредните години. „Тие го имаат потребниот капацитет на писти. Имаат исклучително успешен национален авиопревозник кој расте и нарачува нова флота. Блиску се до некои од пазарите со најбрз раст во светот, како што е Централна Азија. Едноставно, се наоѓаат во одлична позиција“, објасни тој. Минатиот месец беше отворена четврта главна писта, а постојат планови за вкупно девет писти – шест главни и три помошни. Грант истакнува дека „iGA Истанбул“ е единствениот аеродром во светот овластен за истовремено работење на три писти. „Ова овозможува поголем број летови за време на шпицот и обезбедува оперативна флексибилност. Со три писти, веројатно се постигнува и подобра точност“, вели тој. Клучна улога во успехот на центарот (хабот) игра „Туркиш ерлајнс“, кој ги опслужува 80 отсто од летовите. Пред две години, националниот авиопревозник влезе во Гинисовата книга на рекорди како компанија што лета до најголем број земји – 130 до 2026 година. Компанијата управува со модерна флота во постојан пораст, составена од над 500 авиони од типовите „Боинг“ и „Ербас“.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарселона поради Алварез мора да плати 602 евра!Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра поради контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Каталонците наводно ги прекршиле правилата при преговорите со брилијантниот Аргентинец, а Атлетико Мадрид на 30 јуни поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА, тврдејќи дека Барселона започнала преговори со Алварез без претходно писмено да го извести неговиот клуб. Врз основа на поднесената пријава, надлежните органи на Федерацијата на 30 јули покренаа дисциплинска постапка, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, бил во корист на мадридскиот клуб. По разгледување на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврдениот прекршок како полесен. Поради тоа, на Барселона ѝ беше изречена парична казна од 602 евра, што претставува највисок износ предвиден за ваков вид прекршок согласно член 133 од Дисциплинскиот правилник. Ова не е првпат Барселона да се соочи со слични санкции по пријава од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра поради недозволени контакти со Антоан Гризман, кој во тој период исто така настапуваше за тимот од Мадрид.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter