Сончево и релативно топло - Канал 5

Сончево и релативно топло

Според УХМР во Скопје,  времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. 

Сончево и релативно топло

0 Берово, 3 Струмица, 4 Битола, Скопје-Петровец, Тетово, 5 Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Куманово, 6 Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Претор, 8 Маврови Анови, Охрид, 9 Крушево, 10 Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Очигледно е дека во СДСМ постои сериозна неусогласеност на ставовите за Барутана.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Претседателот на СДСМ Венко Филипче јавно порача, дека додека тој е лидер на партијата, во Барутана нема да се стави ниту една цигла.

Во истовреме спорниот нацрт ДУП за Барутана беше донесен пред Советот на Општина Центар и доби поддршка токму од Советниците на СДСМ.

Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Еден пред јавноста, а друг кога треба да се гласа.

Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,во Советот на Општина Центар имавме јасен став, гласавме против и остануваме доследни на тој став.

Ако лидерот на СДСМ вели денеска дека „Нема да се стави ниту една цигла“, тоа да не остане само уште една политичка изјава и дека се на истата линија со потпредседателот на СДСМ и актуелен Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Затоа денес бареме од Градоначалникот Горан Герасимовски да направи конкретен чекор.

Граѓаните на Центар не барат ниту политички, ниту партиски координации, ниту празни ветувања.

Бараат јасна постапка.

Бараме Филипче, Герасимовски и советниците на СДСМ, во Советот на Општина Центар да ги усогласат ставовите и во интерес на граѓаните кои ги гласале, да се повлече нацрт ДУП-от за Барутана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалник во Франција ги бранеше средношколците од полицијата

Бали Багајоко, градоначалникот на францускиот град Сен Дени во близина на Париз, вчера беше погоден од канистер со солзавец додека се обидуваше да ги смири тензиите меѓу полицијата  и младите демонстранти.

Градоначалник во Франција ги бранеше средношколците од полицијата

Багајоко се позиционираше меѓу двете страни за време на големиот марш во Париз, организиран поради лошите услови во училиштата.

Снимките од настанот го прикажуваат градоначалникот во кордон меѓу демонстрантите и полицијата, а потоа во облак од солзавец што полицијата го испука кон него и толпата. Инцидентот се случи на ден кога повеќе од 250.000 луѓе протестираа низ цела Франција во поддршка на средношколското движење.

Според официјалните проценки, само во Париз имало околу 56.000 луѓе на улиците.Багајоко, член на левичарската партија Непокорна Франција, по инцидентот ја обвини полицијата дека користи „тотално непропорционална“ сила против млади луѓе кои само бараат да бидат слушнати“, рече тој.

„Го повикувам министерот за внатрешни работи: барањата мора итно да се разгледаат пред да се случи трагедија.“тој објасни дека бил на протестот за да ги заштити младите и да се обиде да ја смири ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против грип треба да започне во втората половина на октомври

За десетина дена во земјава треба да пристигнат и првите 30 илјади дози вакцини против сезонскиот грип.

Вакцинацијата против грип треба да започне во втората половина на октомври

До почетокот на ноември како што информираа од Министерството за здравство треба да пристигнат уште 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип. Засега нема потврда на заболени од грип, но доколку се појави ризик од заболување пред почетокот на вакцинацијата, министерот Клековски најави дека е подготвен и план б, кој предвидува превентивна терапија и третман за грип кај високоризичните групи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер