3Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
Шоу бизЏон Траволта со ќерка му е во Париз, ретко се појавуваат заедно во јавност (ФОТО)Актерот Џон Траволта не ги пропушти годинешните Олимписки игри.Снимен е во Париз, а таму со себе ја понел и ќерката Ела Блу (24). Тие беа снимени пред арената Берси каде го следеа женското финале во гимнастика, каде што се истакна Симон Билес, освојувајќи уште еден златен медал. Ела беше облечена во елегантен париски стил. Покрај Џон и Ела, гимнастиката ја следеа и многу други познати личности како што се Фарел и Флавор Флав. Актерот и неговата ќерка ретко се појавуваат во јавноста, но често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu) Џон ѝ стана татко на Ела во бракот со неговата покојна сопруга, актерката Кели Престон. Покрај неа, тие ги добија и синовите Бенџамин (13) и Џет, кој почина во 2009 година на 16-годишна возраст. За време на семејното патување на Бахамите, Џет ја удрил главата во кадата и доживеал напад. Семејството никогаш не се помири со неговата смрт. View this post on Instagram A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu) Кели почина во 2020 година од рак на дојка. Актерот веста ја објави на Инстаграм и нагласи дека Кели се борела до самиот крај и дека има поддршка од своите најблиски. View this post on Instagram A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu) Џон и Кели се запознале во 1989 година на снимањето на филмот Експертите. Тие се венчаа две години подоцна. View this post on Instagram A post shared by Ella Bleu Travolta (@ella.bleu) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНови детали за врската меѓу британската принцеза Дијана и докторот од Пакистан, Хаснат КанПоради него британската принцеза го читала Куранот, а неговата мајка не ја сакала за снаа?!Книгата на Чарлс Спенсер откри детали за неисполнетите соништа на неговата сестра, принцезата Дијана, нејзината голема љубовна врска со д-р Кан и нејзиното бегство од кралскиот живот. Мемоарите на Чарлс Спенсер, насловени „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ (Swan Song: Diana, My Sister), објавени кон крајот на септември, открија нови детали за приватниот живот на покојната британска принцеза, со посебен осврт на нејзината љубовна приказна со д-р Хаснат Кан. Во книгата, Спенсер наведува дека по завршувањето на бракот со Чарлс и вљубувањето во познат кардиохирург, Лејди Ди фантазирала за идеализирано и недостижно бегство во Јужна Африка, каде што во тоа време живеел нејзиниот брат. Бидејќи секојдневниот живот во Англија за неа станал неподнослив, таа сонувала за мирен живот во кој Кан би работел во болница во Кејп Таун, а тие двајца би живееле далеку од очите на јавноста, верувајќи дека другиот крај на планетата би им пружил засолниште. Покрај тоа, Спенсер во книгата се присети на моментот кога таа го праша дали може да се замисли во улогата на прва дама на Соединетите Американски Држави. Имено, еден влијателен и постар Американец, кој ѝ се додворувал, ја убедувал дека сигурно би го освоил претседателскиот мандат доколку таа се согласи да се омажи за него и да стане негова „трофејна сопруга“. Помислата на живот во Белата куќа ѝ била попривлечна од самиот додворувач, бидејќи во тоа гледала можност да преземе улога што би ги разбеснила нејзините противници во кралското семејство, а истовремено би внесла гламур во Вашингтон каков што не бил виден уште од времето на Џеки Кенеди. Сепак, и тој план останал нереализиран, а пакистанскиот лекар останал запаметен како нејзината најголема љубов. Провокации Дијана го запознала пакистанскиот кардиохирург Хаснат Кан во 1995 година, а нивната тајна емотивна врска траела речиси две години. Кан водел повлечен живот, посветен на својата лекарска професија и избегнувајќи го вниманието на медиумите, што претставувало целосна спротивност на нејзиното секојдневие. Принцезата го нарекувала свој идеален маж и сериозно размислувала за брак и преселба во Пакистан. Сепак, под притисок на јавноста и поради непремостливи културни разлики, Кан се двоумеше да ја официјализира врската, што доведе до конечна разделба во летото 1997 година. Набрзо по разделбата, Дијана ја прифатила поканата на богатиот Мохамед Ал-Фајед да летува со неговото семејство на луксузна јахта во јужна Франција, каде што започна романса со неговиот син Доди. Многумина веруваа дека таа намерно им дозволувала на фотографите да ги овековечат нејзините интимни моменти со Доди за да предизвика љубомора кај Кан. Иако Мохамед тврдел дека планирале брак и свршувачка, блиските пријатели на Дијана и официјалните истраги на британската полиција потврдија дека немало докази кои би укажувале оти таа планирала да се омажи за синот на Ал-Фајед. Докторот Хаснат Кан денес има 68 години и изгради успешна медицинска кариера во Обединетото Кралство и во својот роден Пакистан. Зборувајќи за причините поради кои се двоумел дали да се ожени со принцезата, тој нагласи дека најголем страв му била загубата на приватноста: „Мојата главна грижа во врска со стапувањето во брак беше тоа што животот ќе ми станеше пекол поради тоа која беше таа.“ Тој се присети и на нивната последна средба во Лондон, по нејзиното враќање од одмор. Забележа промена во нејзиното однесување и отворено ѝ кажа дека се сомнева оти таа се гледа со некој од кругот на Ал-Фајед – нешто што таа во тоа време го негираше. Кога преку медиумите дознал за нејзината нова врска, тој ја обвинил дека си го нарушува угледот со тоа што се движи во такво друштво. По нејзината смрт во Париз во 1997 година, Кан енергично ги негирал тврдењата за бременоста на Дијана, истакнувајќи дека за време на нивната двегодишна врска таа била исклучително одговорна и внимателна во однос на контрацепцијата. Тој исто така открил дека принцезата страдала од параноја во последните години од својот живот, убедена била дека е под надзор, дека нејзините телефони се прислушуваат и дека некој намерно ги оштетил сопирачките на автомобилот на нејзиниот поранешен телохранител. Инаку, Хаснат Кан потекнува од истакнето пакистанско семејство и е далечен роднина на Имран Кан, познат крикет-играч и поранешен премиер на Пакистан. Неговата мајка силно се противела на идејата нејзиниот син да се ожени со жена од друга вероисповед која претходно била разведена. Од друга страна, Дијана се трудела да ја разбере неговата култура – читала делови од Куранот, се распрашувала за мешаните бракови и ги посетила неговите родители во Пакистан. Сепак, мајката на Дијана, Френсис Шанд Кид, била силно против таа врска поради верските разлики, па затоа со месеци пред трагедијата не разговарала со својата ќерка. Кан подоцна се оженил со Хадија Шер Али од авганистанското кралско семејство во договорен брак што траел 18 месеци, додека денес е во брак со Сома Сохаил. Извор: Курир.рсТагови: принцезата Дијана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЕвропаБернам: Враќањето во ЕУ е опција за Британија, Брегзит направи повеќе штета отколку користБританскиот премиер Енди Бернам изјави дека обидот за повторно зачленување во Европската унија би можела да биде една од опциите што неговата влада ќе ги разгледува, додека земјата се стреми кон суштинска промена во односите со блокот..На годишната конференција на владејачката Лабуристичка партија во Ливерпул, Бернам изјави дека договорот за Брегзит постигнат од конзервативците направил повеќе штета отколку корист и најави дека на самитот на Обединетото Кралство и ЕУ, што ќе се одржи подоцна оваа година, ќе ги изнесе своите ставови за „различните опции за долгорочните односи на Британија со европските партнери“. На референдумот пред 10 години, велика британија одлучи да ја напушти Европската унија, ставајќи крај на повеќедецениското членство. Следеше период на политички превирања, при што британските влади беа принудени да се справуваат со економските и дипломатските последици од брегзит..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијатаИгор Ивановски: „Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена.“ Мицкоски одамна ја кажа истата реченица: сакаме во Европската Унија, ама не по секоја цена. Одеднаш истите зборови. Истот речник. Истата кочница. Како тоа одеднаш истиот став? Како истите реченици токму сега, пред посетата на Фон дер Лајен? Арамијата Мицкоски веќе ја подготви листата со изговори: референдум во Исланд, војни, избори во покраини каде победуваат екстремни структури, Ле Пен во Франција, светот се менува, другото не е на нас. Што имаат германските покраини и францускиот циклус со патоказот што нам не ни го дадоа? Ништо. Имаат функција: да објаснат зошто ние стоиме, а вината да не падне на кабинетот. Чудно како сите шеми водат кон Шема, кон Ќурчиев, кон Андреј Перов, кон Славјанка- тендер од 1,6 милиони евра. Чудно е како одеднаш руската партија Левица, анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка - се коалицира со ЗНАМ, прва и втора верзија и со кафеанската платформа. Лажна опозиција, а истиот далечински управувач за таа елита. Сега јасно ли им е на граѓаните која е српско-руската агенда? Македонија надвор од Европската Унијата. Институции на телефон. Патоказ за другите. За нас ходник, антимон и „не по секоја цена“. Цената ја плаќа народот. Не кабинетот. СДСМ е за ЕУ по заслуга, и за реформи, судство, закон за сите. Тие се за цена што ја крои Мицкоски. Затоа платформата го зборува неговиот јазик. Затоа „Спутник“ се прави опозиција. Затоа вратата стои затворена. Нема две политики. Има една шема и еден арамија на чело со истиот далечински управувач. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook