Џоан Колинс: Возраста не е важна, важно е како се чувствувате и како се однесувате - Канал 5

Џоан Колинс: Возраста не е важна, важно е како се чувствувате и како се однесувате

На 82 години Џоан Колинс одбива да биде дефинирана од возраста.

Џоан Колинс: Возраста не е важна, важно е како се чувствувате и како се однесувате
- Мислам дека возраста не е важна, туку како изгледате, како се чувствувате и како се однесувате - вели филмската дива која додава дека последните 40 години се чвствува еднакво енергична и позитивна во врска со животот.

- Да бидеме искрени, денешната жена, во 50-те, 60-, 70-те, 80- години, ако се грижи за себе ќе доживее сто - барем се надевам. Јас верувам во здравата храна, вежбањето и во настојувањето да се живее среќно во животот кој е полн со тага!

Дејли меил објави подолга приказна за тоа како денеска живее филмската ѕвезда од 60-те, 70-те и 80-години на минатиот век.

Со 4 брака зад себе, таа најдолго е во брак со последниот сопруг - 32 години помладиот Перси Гибсон.


‘We simply love being with each other. We’re friends. We laugh at the same things. He makes the children laugh. And we have separate bathrooms, which is very important! We’re always together,' said Joan of Percy

- Ние се пронајдовме, секогаш сме заедно, сакаме сеуште лудо, и се разбираме како пријатели. Тој ми помогна многу во животот, бакнав многу жаби за на крајот да го најдам принцот - вели Џоан.

Годинава тој полни 50 години па не е веќе дете - се смее актерката.

Четири месеци во годината тие поминуваат во нејзината вила во Сен Тропе, каде често пати доаѓаат трите деца на Џоан и трите внуци.

‘I intend to go on until I drop or until it all falls apart... I don’t feel any different from when I was 40, quite frankly,' said Joan Collins (pictured with husband Percy Gibson at their St Tropez villa)

Она што сеуште не може да го преболи е смртта на нејзината сестра Џеки.

- Не можам, сеуште плачам по 3-4 пати на ден. Таа беше прекрасна жена и многу бевме блиски.

На прашањето дали не смета дека е чудно што Џеки Колинс не и кажала на Џоан дека има рак пред 7 години кога и бил откриен, Џоан вели:

- Не е чудно туку е храбро. Не сакаше да ме уплаши ниту мене, ниту брат ми Бил ниту нејзините деца.Мислам дека тоа што го направи го направи како што таа сакаше - не сакаше никој да ја жали!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси.

Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година.

„Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето.

Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование.

За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

 Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.

Пејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“

Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот.

Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош.

– Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа.

„Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде:

„По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“

Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник.

– Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.

Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата

Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер