Џирона го претстави засилувањето Бојан Миовски - Канал 5

Џирона го претстави засилувањето Бојан Миовски

 Шпанскиот прволигаш Џирона денес го промовира својот нов фудбалер - македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. 

Џирона го претстави засилувањето Бојан Миовски

Миовски кој одигра одлична сезона во шкотски Абердин, доаѓа во Џирона како големо засилување во напаѓачката линија.

Македонецот со свој нов клуб ќе дебитира во Лигата на шампионите.

Џирона објави дека 25-годишниот Миовски се обврза на соработка до јуни 2028 година.

Новиот напаѓач на Џирона ја започна својата професионална кариера на 18-годишна возраст, дебитирајќи во Брегалница, Во Македонија играше и за Работнички, Македонија ЃП и Ренова. Потоа потпиша за МТК во Унгарија во 2020 година. Во летото 2022 година направи трансфер за Абердин во Шкотска, каде остана две сезони. Минатата сезона тој постигна 26 гола на 53 натпревари, вклучувајќи ги и оние во шкотската Премиер лига, Лига Европа и Конференциската лига.

За македонската репрезентација Миовски дебитираше во октомври 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Продолжува борбата со пожарите низ државата.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер