Џил Бајден е првата дама на САД, која продолжи да оди на работа - Канал 5

Џил Бајден е првата дама на САД, која продолжи да оди на работа

Џил Бајден денеска се врати на своето работно место.

Џил Бајден е првата дама на САД, која продолжи да оди на работа

По неколку месеци онлајн предавање на англиски јазик, првата дама денеска продолжува да предава со физичко присуство од училницата на колеџот Северна Вирџинија, каде работи од 2009 година.

Таа е првата прва дама која работи со полно работно време надвор од Белата куќа.

„Има некои работи што едноставно не можете да ги замените и едвај чекам да се вратам во училницата“, рече таа неодамна за списанието „Good Housekeeping“.

Првата дама беше желна да ги види своите ученици по повеќе од една година виртуелна настава предизвикана од пандемијата.

„Првата дама што работи е голема работа“, рече Тами Вигил, професор по комуникации на Универзитетот во Бостон, која напишала книга за првите дами Мишел Обама и Меланија Трамп, објавија американските медиуми.

Првите дами на нацијата не работеле надвор од домот. Тие се грижеле за своите сопрузи, воспитувале деца и ја извршувале улогата на домаќинка. Некои први дами работеле како специјални амбасадорки за своите сопрузи. Особено била активна Елеонор Рузвелт, која патувала низ Соединетите држави и го известувала претседателот Френклин Д. Рузвелт, чии активности биле ограничени поради детска парализа. Таа се залагала за сиромашните, малцинствата и другите обесправени луѓе и започнала да пишува колумна за националните весници од Белата куќа.

Поновите први дами, како Лора Буш, која беше наставничка во основно училиште и библиотекарка, престанале да работат надвор од домот откако нивните сопрузи биле избрани за претседател. Хилари Клинтон и Мишел Обама биле мајки кои работеле и изградиле кариера во Белата куќа.

70-годишната Џил Бајден креира нов пат за себе и нејзините наследнички. Првата дама рече дека отсекогаш сакала да биде жена со кариера.

"Наставата не е само она што го работам. Тоа сум јас", рекла Џил еднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Околу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво.

Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер