Џенифер Лопез и Бен Афлек бараат нов дом, разгледуваат куќа од 165 милиони долари - Канал 5

Џенифер Лопез и Бен Афлек бараат нов дом, разгледуваат куќа од 165 милиони долари

Џенифер Лопез и Бен Афлек се снимени како ја  разгледуваат раскошната вила „Спелинг Манор“.

Џенифер Лопез и Бен Афлек бараат нов дом, разгледуваат куќа од 165 милиони долари

Славниот пар откако се сврши,бара нов дом, а папараците ги снимиле во еден од најпознатите имоти во Лос Анџелес.

Огромниот Spelling Manor од 165 милиони долари го изградиле покојниот телевизиски магнат Арон Спелинг и неговата сопруга Кенди, по која го добила името. Изградбата била завршена во 1990 година, а во 2011 година Кенди го продала имотот на Петра Еклстоун за 85 милиони долари.

Петра инвестирала 20 милиони долари во реновирањето, но откако нејзиниот брак со претприемачот Џејмс Кант се распаднал, таа го ставила имотот на продажба. Како што е напишано во тоа време, Кенди имала соба со огромна колекција на порцелански кукли, а Петра таа соба ја претворила во приватен салон за убавина.

Таа за вилата добила 120 милиони долари од анонимен купувач од Саудиска Арабија, пишуваше тогаш The Wall Street Journal.

Според медиумите, имотот има стотина паркинг места, куглана, тениски терени, базен, џакузи и кино. Самата вила има 14 спални соби и 27 комплетно опремени бањи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .

На папата Лав  XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

„Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема промена кај цените на горивата

Нема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.

Нема промена кај цените на горивата

Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава..

Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици..

Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер