3Се одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)
Шоу бизЏенифер Лопез ги поднела документите за развод од Бен Афлек, немале предбрачен договорСиноќа светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез и официјално ги доставила документите за развод од сопругот, мегапопуларниот актер Бен Афлек. Според медиумите сега почнува борбата за поделба на огромното богатсво, тие немале предбрачен договор.Откако Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек во вторникот, Дејли Мејл ги разгледа финансиските последици од нивното разделување, при што нивното заедничко богатство се проценува на 640 милиони долари. Официјалното поднесување на барањето за развод вчера, уследи по неколкумесечни шпекулации дека Бен и Џенифер имаа проблеми во бракот и се разведуваат. Нивните брачни проблеми доминираа на насловните страници во Холивуд во последните месеци. 52 годишната Лопез поднела документи за развод за да го прекине бракот со три години постариот Афлек без адвокат во Врховниот суд на округот Лос Анџелес во вторникот, објави ТМЗ, додавајќи дека изворите велат дека „немало предбрачен договор“ меѓу парот и дека Лопез не го спомнала тоа во правниот документи. Џеј Ло го навела 26 април 2024 година како датум на разделба во судските документи, денот кога тие ја„славеа“ двегодишнината од нивната венчавка на имотот на Афлек во близина на Савана, Џорџија, на 20 август 2022 година. Отсуството на предбрачен договор покажува дека заработката на ѕвездите во текот на нивните две години заедно ќе се класифицира како „имот на заедницата“, објави ТМЗ. Една од главните работи на кои парот ќе мора да се реши е домот вреден 60,85 милиони долари во Беверли Хилс, Калифорнија, кој го купија минатата година. Бен и Џенифер во јуни годинава супер луксузната вила кој има 12 спални соби и 24 бањи ја дале на оглас за продавање по цена од 65 милиони долари, но оваа понуда за кратко ја повлекла за да ја реновираат вилата и повторно да ја понудат на продажба но сега по цена 68 милиони долари. Афлек се иселил од својот дом во Беверли Хилс и оттогаш живее во огромна куќа во Пацифик Палисадес која ја купил за 20,5 милиони долари. Лопез и Афлек се запознаа на снимање филм во 2003 година и планираа да се венчаат, но ја раскинаа свршувачката следната година, а се венчаа скоро 20 години подоцна. Афлек во меѓувреме беше в брак со глумицата Џенифер Гарнер со која има три деца, а за Лопез ова беше четврти брак. Од бракот со пејачот Марк Антони, латиноамериканската пејачка има две деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина забрани извоз на хелиум, клучен елемент за производство на чипови Кина денеска објави дека привремено го забранува извозот на хелиум, клучен елемент за производство на чипови, бидејќи ескалацијата на војната со Иран дополнително ги нарушува глобалните синџири на снабдување.Кинеското Министерство за трговија и Царинската управа во кратко соопштение изјавија дека, во согласност со одредбите од Законот за надворешна трговија на Народна Република Кина, воведуваат привремена забрана за извоз на хелиум со непосреден ефект. Причините за таа одлука не беа дополнително објаснети. Хелиумот е клучен за производство на полупроводници, а се користи и во медицината, на пример за ладење на уреди со магнетна резонанца. Откако започна војната со Иран на крајот на февруари, глобалното снабдување со хелиум е сериозно нарушено, а цените значително се зголемија. Катар обезбедува една третина од светското производство на хелиум Според проценките наведени во анализата на консултантската фирма Trivium China, самата Кина произведува околу 15 проценти или помалку од своите потреби за хелиум, додека увезува поголем дел од него од Катар, кој обезбедува околу една третина од светското производство. „Кина се обидува да ја заштити својата индустрија бидејќи глобалното снабдување со хелиум стана екстремно ограничено“, рече Гари Нг, виш економист во француската банка Натиксис. „Овој вид мерка за контрола на извозот е првенствено насочена кон заштита на домашната индустрија, особено затоа што хелиумот е клучен за производството на чипови“, објасни Нг. Тој додаде дека целта на мерката е поверојатно да обезбеди доволни количини за домашните потреби отколку да постигне политички цели. Технолошката конкуренција со САД дополнително се интензивира Одлуката доаѓа во време кога Кина брзо ги развива своите капацитети за производство на чипови и вештачка интелигенција, додека технолошката конкуренција со САД се интензивира. Камерон Џонсон, виш партнер во консултантската фирма „Тидалвејв Солушнс“ со седиште во Шангај, рече дека не е познато кога глобалното снабдување со хелиум ќе се врати во нормала. „Фактот дека Кина сега го забрани извозот ми кажува дека тие проценуваат дека едноставно нема доволно хелиум за сè што сакаат да постигнат“, рече Џонсон. Сепак, Гари Нг истакнува дека Кина не е голем извозник на хелиум, па затоа „оваа одлука веројатно нема да има значаен глобален ефект“, иако поради постојните прекини во снабдувањето, таа би можела дополнително да го зголеми притисокот врз светскиот пазар.Тагови: Кина чипови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаЈанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста МоклиштеЦелосно завршен е проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3.Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа. Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)На познатата плажа Миртос на грчкиот остров Кефалонија се случи лизгање на земјиштето, кога дел од падината над брегот се урна, исфрлајќи големи камења и земја на плажата.Инцидентот е снимен на видео објавено на TikTok. На него се гледаат големи камења и големи количини земја како се откинуваат од падината и паѓаат кон брегот, исфрлајќи густ облак од прашина во воздухот. @tinabest2005 Μια συνηθισμένη μέρα στο νησί.. 🇬🇷😎 #kefalonia #myrtosbeach #greece #rocks ♬ πρωτότυπος ήχος - Smastoras Иако лизгањето на земјиштето се случило кога на плажата имало пливачи, според достапните снимки, се чини дека не предизвикало поголема паника или сериозни последици кај луѓето во областа. Како што покажуваат другите снимки објавени на социјалните мрежи, лизгањата на земјиштето на оваа плажа не се невообичаени. Само пред неколку дена беше забележан сличен инцидент, кога камења паднаа на плажата и во морето, додека пливачите беа на кратко растојание. @evakingsbury Go to Myrtos beach, they said, it doesn’t feel dangerous, they said! No it’s not actually that dramatic. This only happened a couple times while we were there but as long as you don’t sit under the cave you’re fine. GORGEOUS beach anyway #sunset #myrtos #kefalonia #beach #rocks ♬ original sound - WherEva next? На тој дел од плажата е објавено и предупредување, со кое се информираат посетителите за ризикот од можни лизгања на земјиштето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38