Џејн Фонда ја предупредила Џеј Ло за Бен Афлек: Како да сакате нешто да докажете (ВИДЕО) - Канал 5

Џејн Фонда ја предупредила Џеј Ло за Бен Афлек: Како да сакате нешто да докажете (ВИДЕО)

Актерката Џејн Фонда (86) и Џенифер Лопез (55) се зближија во 2005 година на снимањето на популарниот филм „Тоа е за сите моја свекрва“.

Џејн Фонда ја предупредила Џеј Ло за Бен Афлек: Како да сакате нешто да докажете (ВИДЕО)

Џејн и Џенифер станаа блиски пријателки за време на снимањето на филмот, а 86-годишната актерка беше многу заштитничка кон Лопез. Преку своето искуство, Фонда научила да биде многу внимателна, па ја предупредила својата помлада колешка за немање претпазливост, пишува New York Post.

Фонда ја предупредила пејачката за потенцијалните ризици, што беше прикажано во документарниот филм „The Greatest Love Story Never Told“, во кој Лопез сака да објасни како навистина стојат работите меѓу неа и популарниот актер. Иако документарецот ја прикажува нивната љубов како совршена, само неколку недели беа доволни за да се покаже дека романсата на екранот не е онаква каква што изгледа.

Во документарецот се гледа како Фонда ја предупредува Лопез за прекумерната медиумска изложеност со Афлек. "Изгледа дека се обидувате да докажете нешто наместо само да го живеете својот живот. Секоја втора фотографија од вас двајца покажува како се бакнувате или гушкате", рекла актерката, обидувајќи се да ја натера Лопез да размисли, но Џенифер одговорила: "Ние само ги живееме нашите животи“.

YouTube video

Лопез поднесе барање за раскинување на нивниот двегодишен брак во вторникот во Лос Анџелес, што се совпаѓа со нивната годишнина од брак во Рисборо, Џорџија во 2022 година. Разводот доаѓа по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Во вторник (13.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Стефанија Костадинова

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Состојки за денешниот рецепт:

500 мл. млеко

1 пудинг од ванила

3 лажици густин

6 лажици шеќер

250 гр. маргарин

250 гр. шеќер во прав

2 пакетчиња кокос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер