3Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
МакедонијаЗајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа предмети за злоупотреба на службената положба да завршат во фиока без судска разрешница. Особено е лицемерно денес Владата да се „пере“ пред јавноста и да бара оправдување во Брисел, откако во јануари годинава нивното мнозинство експресно го одби амандманот на ЛДП за итно враќање на строгите казни и заштита на државниот буџет. Сите се сеќаваме што бранеа и што одбиваа на почетокот на оваа година оставајќи си слобода за криминално работење. „Уште во јануари предупредив дека со ваквите закони функционерите повторно добиваат амнестија поради застареност, но го одбија нашиот амандман. Денес пак најавуваат реформи и испраќање текстови во Брисел, иако новата ЕУ Директива 2026/1021 јасно бара подолги рокови за гонење на корупцијата. Европските стандарди не се пречка, туку бараат ефикасна правда. Ајде да се обложиме – ќе го чепнат ли воопшто институтот застареност за висока корупција во новиот текст или пак си оставаат вратички? Ако сте искрени, прифатете ги нашите предлози: вратете ги строгите казни веднаш! Еве им го мојот глас уште утре во Собранието“, порача Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието. Додека Владата се крие зад нови рокови, најави и дипломатски процедури, реалноста на теренот е дека правдата што намерно се одложува сѐ додека не застари, за граѓаните значи само едно – системска неказнивост. Народот не е должен да трпи манипулации во кои мандатите на функционерите траат четири години, а кривичните предмети намерно се држат во фиоки сѐ додека не ги изеде времето. ЛДП бара Владата веднаш да го објави подготвениот текст на Кривичниот законик, наместо прво да го шета по странски ходници, за сопствените граѓани, пратеници и правната фела да видат дали навистина има волја за борба против криминалот. Доколку владејачкото мнозинство има искрена намера да го сопре институционалниот колапс, уште оваа недела ќе ги прифати барањата на ЛДП за драстично зголемување на казните и продолжување на роковите за застареност за сите избрани и именувани лица!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаМухамед Зеќири осуден на една година и седум месеци затворАпелациониот суд му изрече казна затвор од една година и седум месеци на поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири, објави „Коха“.Зеќири е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување при склучување договори за консултантски услуги без јавна набавка. Договорите се однесувале на анализа на состојбите и можна приватизација на „Македонска пошта“ и „Македонски железници“. Според Обвинителството, со договорите е предизвикана штета на државниот буџет од над 1,1 милион евра. Судскиот процес беше проследен со одложувања, поништени пресуди и повторно судење. Во меѓувреме, Зеќири веќе ја одлежа првично изречената казна од две и пол години затвор, вклучувајќи го и времето поминато во притвор и куќен притвор.Тој има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од осум дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбициВо вторник (13.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Стефанија КостадиноваСостојки за денешниот рецепт: 500 мл. млеко 1 пудинг од ванила 3 лажици густин 6 лажици шеќер 250 гр. маргарин 250 гр. шеќер во прав 2 пакетчиња кокос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски се сретна со повредените од „Пулс“Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16