Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЗабаваЏејмс Бонд против д-р Хаус?Џејмс Бонд? Д-р Хаус? Зошто овие веле брендови се користат секогаш кога ќе се спомне серијата „Ноќен менаџер“ која благодарение на Канал 5, почнувајќи од понеделник 15-ти мај, ќе се емитува и во Македонија?Ако се земе во предвид дека Том Хидлстон и Хју Лори се главните ликови во серијата, а притоа првиот, веднаш по неговото појавување беше етикетиран како најдобар кандидат за следен Џејмс Бонд, додека вториот е обележан со ликот на д-р Хаус за цел живот, не треба да бидеме изненадени што оваа серија покрај ваквите споредби, одеднаш ги освои и гледачите на Џејмс Бонд и гледачите на д-р Хаус, постигнувајќи фантастични рејтинзи на гледаност секаде каде што се појави... Од понеделник 15-ти мај и гледачите на Канал 5 ќе го имаат тоа задоволство, и (според коментарите на реномираниот „Sun“) ќе уживаат во една од најдобрите криминалистички серии на сите времиња, зашто... „Ноќен менаџер“ не е само обична приказна за илегалната трговија со оружје; „Ноќен менаџер“ не е обична приказна за љубовта и добрите и лошите страни на човечката природа; „Ноќен менаџер“ е необично добар спој на се’ наведено и плус дополнето со најдобрите британски актерски сили кои жарат и палат во светот на филмската индустрија. Очекувајте го стартот на „Ноќен менаџер“ – ВО ПОНЕДЕЛНИК НА КАНАЛ 5! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп купувал и продавал акции на „Енвидија“: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долариАмериканскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Енвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската канцеларија за владина етика.Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции со акции на Енвидија. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100 и 250 илјади долари. Една недела подоцна следувало уште едно купување, во вредност меѓу илјада и 15 илјади долари, а потоа и уште продажба со идентична вредност. Информациите доаѓаат во момент кога Трамп се соочува со остри критики откако изјави дека лично го убедил управниот одбор на технолошкиот гигант „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, по неговата оставка поради љубовна врска со кинеска бизнисменка, за која американските власти се сомневаат дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повредаОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немалоПотрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој. На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“. Граѓаните се збунети „Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението. Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала. Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав. Извор: Индекс.хрТагови: Истанбул лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00