СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
3Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
Шоу бизЏеј Ло, Колдплеј, Били Ајлиш... ѕвездите ќе настапат на концертите Global Citizen LiveНекои од најголемите поп -имиња од Били Ајлиш до БТС и Елтон Џон ќе ја поддржат со свој настан Global Citizen во сабота во обид да ја подигнат глобалната свест за климатските промени, гладот и правото за пристап до вакцини за сите.Концертите, кои се одржуваат во Њујорк, Париз, Лагос, Рио, Сиднеј, Мумбаи и други градови, ќе се емитуваат на глобално ниво и ќе се совпаднат со седницата на Генералното собрание на ОН. Ѕвездите, исто така, ќе ги поканат лидерите на Г -20 на акција, како и учесниците на состанокот за клима COP26 во ноември. Ајлиш и Колдплеј ќе настапат во Централ парк во Њујорк, а ќе им се придружат Џенифер Лопез, Камила Кабело, Шон Мендес и Бурна Бој. Ед Ширан ќе настапи во Париз заедно со Елтон Џон, со поддршка на Доја Кет, Блек Ајд Пис и Стормзи. Феми Кути ќе настапи во Нигерија, Алок во Рио и Дуран Дуран и Кајли Миног во Лондон. „На шест континенти, уметниците ќе им помагаат на граѓаните да бараат од владите, големите корпорации и филантропите да работат заедно за да ја одбранат планетата и да ја победат сиромаштијата“, се вели во соопштението на невладината организација „Global Citizen“. Организацијата се фокусира на „најитните, меѓусебно поврзани закани што најмногу ги погодија сиромашните , на климатските промени, еднаквоста во пристапот до вакцините и гладот“. Вклучени се и голем број други уметници - вклучително и Металика и The Weeknd - во живо или снимени. Global Citizen соопшти дека сака да засади милијарда дрвја, да достави милијарда вакцини во најсиромашните земји и оброк за 41 милион луѓе на работ на глад. Организацијата организирала и други добротворни настани, вклучително и „Vax Live: A Concert to Reunite the World“ претходно оваа година во Лос Анџелес. Собра музичари, актери, познати личности, светски лидери, па дури и Папата, во единствен повик за глобална вакцинација во борбата против Ковид-19. Global Citizen се опишува како движење со мисија да се стави крај на екстремната сиромаштија до 2030 година и користи стимулации како билети за концерти за да поттикне притисок врз владите за прашањата поврзани со одржливост и еднаквост. Лидерот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејезус ја поддржал најновата кампања која повикува на еднаквост во пристапот до вакцините. „Не можеме да ја игнорираме оваа голема нееднаквост ниту да станеме самозадоволни“, рече Гебрејезус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЖивотОткриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа Разликата во вредноста на пратката помеѓу двата пазара е огромна.Колумбиските власти спроведе голема операција против трговијата со наркотици во пристаништето Картахена, при што беа откриени повеќе од 7,6 тони кокаин. .Абелардо де ла Есприела изјави дека заплена од вакви размери немало во последните десет години. Откритието беше направено за време на инспекција на товар што содржел шеќер во прав, кој бил искористен за прикривање на дрогата. На снимката што полицијата ја објави во вторникот се гледаат службеници како ги проверуваат пакетите со помош на кучиња обучени за откривање дрога. По оваа акција, претседателот Де ла Еспријела го претстави резултатот од операцијата како значаен успех во борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека националната полиција му задала историски удар на нарко-тероризмот. Според него, дрогата била наменета за купувачи во Холандија. Операцијата била спроведена во соработка со американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА). Разликата во вредноста на пратката на двата пазари е огромна. Во Колумбија, таа се проценува на 43 милијарди пезоси (13,5 милиони долари), додека во Холандија нејзината вредност би надминала 200 милиони долари. – Тргнавме 75 милиони дози кокаин од улиците – рече тој. Претседателот, исто така, изнесе податоци за резултатите од досегашните активности на надлежните органи, наведувајќи дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат биле запленети вкупно 132 тони кокаин. „Сите облици на насилство се поттикнати од трговијата со дрога“, изјави тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програмаОд 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност. Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства. Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ. Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации. Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај. Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот. Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска. И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника. Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат. Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањетоВо Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро. Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран. Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите. Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото. Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран. Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата. Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат. Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook