Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Шоу бизЏастин Тимберлејк стана таткоПоп пејачот Џастин Тимберлејк и неговата сопруга актерката Џесика Бил станаа родители на момче, соопшти денеска списанието “Пипл”. Бебето се вика Сајлис Рендал. Според лекарите бебето и 33-годишната мајка се чувствуваат одлично. Ова е прва принова во ова познато семејство. Двојката дури во јануари, на роденденот на пејачот објави дека очекуваат бебе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудствотоИзвештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди. За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија. Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните. Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати, соопшти Министерството за правда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрај на изборната драма во Израел: Изборните резултати доставени до претседателотПретседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Израел, судијата на Врховниот суд Ноам Солберг, денес му ги достави резултатите од предвремените парламентарни избори на израелскиот претседател Исак Херцог.По тој повод, тој изјави дека доведувањето во прашање на изборните резултати – од изборите што се одржаа на 27 октомври – претставува „реална опасност“ за демократијата. Говорејќи на официјална церемонија во резиденцијата на претседателот, Солберг истакна дека, дури и кога наводите за изборна измама би се покажале како точни, обемот на таквата измама не би бил доволен за да го промени исходот од изборите, пренесува „Тајмс оф Израел“ . „Во последните денови слушнавме гласови кои се обидуваат да фрлат сомнеж врз изборните резултати и да го поткопаат нивниот легитимитет. Ова претставува реална опасност. Еден од темелите на демократијата е можноста за мирољубива транзиција на власта. Ова произлегува од разбирањето дека сите сме обврзани од волјата на гласачите“, рече Солберг. Тој наведе дека наодите од истрагата утрово им биле претставени на членовите на ЦИК и дека наводите биле темелно испитани. „Во моментов, станува збор само за сомнежи. Но дури и ако тие се потврдат, опсегот на нивното потенцијално влијание е ограничен. Затоа, не е опција ниту задржување на резултатите од спроведените избори, ниту пак продолжување на мандатот на Кнесетот, чиј мандат веќе е завршен“, појасни Солберг. Тој додаде дека, следствено на тоа, ЦИК сега официјално ги објавува изборните резултати. „Доколку во иднина се пронајдат докази, ќе биде можно да се преземат правни дејствија преку поднесување приговор против изборните резултати“, рече Солберг. Според конечните резултати објавени од Централната изборна комисија на Израел, ниту еден блок не обезбеди апсолутно мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, за време на предвремените парламентарни избори. Блокот предводен од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху освои вкупно 53 пратенички места: неговата партија Ликуд обезбеди 27, партијата Јахад 12, Обединет Тора јудаизам и Оцма Јехудит добија по седум, додека Шас и партијата Верски ционизам освоија по шест места. Опозицискиот блок, предводен од Гади Ајзенкот – лидер на партијата Јашар – освои вкупно 48 пратенички места; партијата Јашар обезбеди 21, Демократите освоија осум, а партијата Израел Бејтеину („Нашиот дом Израел“) доби седум. Арапските и палестинските партии освоија вкупно 19 пратенички места. Нетанјаху и неговите политички сојузници јавно ги обвинија арапските партии за изборни измами, вклучувајќи наводи за поткуп, закани, насилство и фалсификување гласови на избирачките места во арапските средини. Покрај политичките обвинувања, претседателот на Централната изборна комисија официјално побара од израелската безбедносна служба, Шин Бет, да ги истражи сознанијата и сомнежите за незаконско финансирање од странство, чија цел била влијание врз исходот од изборите. Извор: Б92Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕдногодишно девојче убиено во Нови Сад, уапсени родителитеПолицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А. Ш. под сомнение дека вечерта на 2 ноември ја убила својата едногодишна ќерка.Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., кој се сомничи за не пружање помош, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Од Обвинителството наведуваат дека мајката му нанела повеќе удари по телото на детето, што резултирало со смрт на девојчето. А. Ш. се товари за тешко убиство – кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку десет години до доживотен затвор. Таткото, Т. Ш., се товари за не пружање помош, дело за кое законот предвидува затворска казна од три месеци до пет години. На осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа, во текот на кој ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. По сослушувањето, во рамките на истрагата ќе бидат спроведени дополнителни доказни дејствија. Фото: ВИТагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook