Дива мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени (Вознемирувачко видео)

Мечка денеска влегла во станбена област во Јапонија и повредила четири лица, по што била убиена, објави јапонската телевизија НХК.

Жител на градот Сапоро, кој годинава треба да биде домаќин на олимпискиот маратон и олимписката трка во брзо одење, прв ја видел мечка на улица во раните утрински часови, пишува Си-Ен-Ен.

Набргу потоа, полицијата на островот Хокаидо напишала на Твитер дека започнала потрагата по мечката.

„Ако забележите мечка, бидете многу внимателни, веднаш напуштете ја областа и јавете се на 110“, предупредила полицијата.

На снимките објавени од локалната ХТБ Хокаидо Њуз се гледа како мечката трча по улица, преминува низ пат со многу сообраќај и гребе на влезната врата од касарна, по што побегнала.

Полицијата подоцна соопштила дека мечката нападнала тројца мажи, од кои едниот бил тешко повреден, и една жена на околу 80-тите години. Двајца мажи од локален ловечки клуб ја застрелале мечката околу 11 часот во близина на аеродромот Сапоро.

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

Македонката Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во избор на Тајмс

Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Научниот вонреден професор, Мојсов беше именувана на листата за нејзините револуционерни откритија за цревниот хормон што го регулира шеќерот во крвта наречен GLP-1, кој го отвори патот за блокбастер лековите за дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ја трансформираа клиничката грижа за управување со шеќерот во крвта и губење на тежината.

Мојсов почнал да го истражува дијабетесот во Универзитетот Рокфелер како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“, објави Универзитетот Рокфелер во САД.

притисни ентер