Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
1 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
МакедонијаДипломатскиот скандал тешко се отплеткува, дали и кој го криел случајот во фиока?Единствен документ кој го добило МНР, кон крајот на 2019 е писмо од МВР преку кое прашале дали тројцата дипломати меѓу кои и сега уапсениот Миле Миленковски поседуваат дипломатски пасоши.И дали во 2018та биле на службено патување, тврди шефот на дипломатијата Бујар Османи. Откако одговориле, вели Османи, не добиле никакви сознанија дека е распишана потерница за Миленкоски. Небитно за него е како што вели, зошто Миленкоски бил упатен како заменик шеф на мисијата на ОБСЕ во Австрија со оглед на тоа што поседувал безбедносен сертификат издаден во февруари 2019 и немал никаков притисок за да го стори тоа. Документот кој бил доставен од МВР на својот Фејсбук профил го објави пратеникот и поранешен министер за надворешни Антонијо Милошоски. Османи не сака да ги коментира прашањата упатени од Милошоски тврдејќи дека се политичка провокација но признава дека целиот скандал ги обелоденил слабостите на издавање на безбедносни сертификати. Во врска со посоченото од Османи реакција нема од АНБ како една од институциите задолжена за безбедносни проверки ниту пак од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како надлежна за издавање на националните сертификати за безбедност. И денеска премиерот Заев вели дека ќе ги чека деталите за случајот порачувајќи дека секој што го прекршил законот треба да одговара. Миленковски, како што пишуваат медиумите, пред три години со уште двајца дипломати со приватен авион успева да го извлече од Ерменија и да го пренесе во Виена, ерменскиот бизнисмен и политичар Левон Саргсјан, баран за низа корупциски скандали во земјата, наводно брат на екс ерменскиот претседател. Иако потерницата по Миленковски датира од пред година и пол, случајот излегува на површина дури откако тој пред десетина дена е приведен и притворен од српската полиција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Македонија Марија Митева и Каја Шукова вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марија Митева и Каја ШуковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победитеДолгорочната напнатост може да влијае на срцето, имунитетот и сонот, а експертите откриваат едноставни техники што може да помогнат во урамнотежување на телото и умот.Современиот начин на живот, исполнет со бројни обврски, неизвесност, постојано брзање, сè почесто доведува до хроничен стрес што може сериозно да го наруши здравјето. Според стручните лица, долготрајната психичка напнатост не влијае само на расположението, туку и на работата на целиот организам - срцето, крвните садови, хормоналниот систем, системот за варење, имунитетот и врз квалитетот на сонот. Бројни истражувања покажуваат дека долготрајното изложување на стрес го поттикнува лачењето на кортизол, хормон поврзан со покачување на крвниот притисок, нарушување на шеќерот во крвта и зголемена телесна тежина, послаб имунитет и проблеми со спиењето. Затоа лекарите и психотерапевтите ја нагласуваат важноста за навремено препознавање на симптомите на стрес и наоѓање начини за негово контролирање. Длабоко дишење за брзо смирување Меѓу најефикасните методи се издвојуваат техниките за длабоко и бавно дишење. Тие често се користат во психолошката пракса како дел од стратегиите за намалување на анксиозноста. Психотерапевтите објаснуваат дека правилното дишење го активира парасимпатичкиот нервен систем, при што пулсот станува побавен, организмот се опушта и се враќа чувството на внатрешен мир. Моќта на позитивната имагинација Водената имагинација, односно замислувањето пријатни и сигурни места, е уште една од техниките за ублажување на стресот. Овој метод често се користи во психотерапијата, но и како техника за самопомош. Визуелизирањето на пријатни ситуации може да доведе до полесно соочување со секојдневните предизвици. Опуштање преку шаките и прстите Благото стимулирање на шаките и прстите се применуваат во различни техники за релаксација и масажа за да се намали мускулната напнатост и за опуштање. Стручните лица истакнуваат дека редовното управување со стресот не е луксуз, туку е важен дел од грижата за здравјето. Дури и неколку минути дневно посветени на релаксација може да го подобрат расположението, сонот и отпорноста на организмот при секојдневните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Технологија Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!„Не сакав да платам ни цент“Зa да избегне плаќање на такса за багаж на аеродромот, една жена посегнала по екстремно решение и ја облекла целата облека од куферот. Карла Брунела (27) од Шпанија, облекла шест слоја облека откако ѝ било кажано дека нејзината торба е преголема за да помине како бесплатен личен багаж. Таа летала со „Рајанер“ од Верона до Манчестер и за нејзиниот рачен багаж требало да плати 70 фунти (околу 81 евро). „Не сакав да платам ни цент“ Наместо да ја плати таксата, Карла одлучила да облече што е можно повеќе облека пред да помине низ безбедносната контрола. Нејзиниот лет во мај чинел 43 фунти (околу 50 евра). „Кога сфатив дека торбата не се вклопува во калапот за мерење, почнав да се смеам. Некако знаев дека тоа ќе се случи затоа што претерав во Верона“, раскажува таа. „Кога отидов да ја земам картата за влез во авионот, службеникот ми рече дека мојот рачен багаж е преголем и дека морам да платам или да го намалам за да одговара на димензиите. Идејата ми дојде спонтано. Само знаев дека не сакам да платам ни цент повеќе. Единствената опција беше да носам сè на себе“, додала таа. Жешко и непријатно искуство Карла, која работи во областа на менталното здравје, на крај носела шест комбинации облек додека се приближувала кон портата за влез во авионот. „Беше жешко и заморно. Се чувствував чудно, а луѓето ме гледаа. Се соблеков штом ја поминав контролата на излезот, пред да се качам во авионот“, го опишала таа своето искуство. „Бев толку среќна што не морав да платам казна. Мислам дека некогаш не би платила дополнителна такса за да пријавам багаж“, заклучила таа. Реакциите на интернет се поделени Карла на социјалните мрежи го споделила видеото на кое таа носи слоеви облека на аеродромот, а видеото било прегледано повеќе од 455.000 пати. Реакциите беа поделени. „Значи, заштедивте десет евра? Имате со што да се фалите“, гласеше еден коментар. Друг корисник кратко ѝ порача: „Едноставно, плати си“. Имаше и такви кои го поддржаа нејзиниот потег: „Сигурна сум дека ви беше жешко, но сепак тоа е паметен потег“. Еден коментатор се пошегува за другите патници: „Жал ми е за лицето што седело до вас до крајот од летот“. Некој друг забележа: „Таа торба ни приближно не одговара на рачен багаж“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook