3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ЖивотНајстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)Остатоци од брод стар околу 4.700 години, се откриени за време на подводни ископувања во близина на островот Кекова во јужната турска покраина Анталија, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстари остатоци во светот.Хакан Ониз, раководител на Одделот за конзервација и реставрација на културното наследство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Акдениз, за агенцијата Анадолија изјави дека неговиот тим со години спроведува истражувања по должината на медитеранскиот брег во име на Министерството за култура и туризам. За време на подводните ископувања што се во тек од 2024 година во близина на островот Кекова, истражувачите пронајдоа амфори стари околу 4.700 години, на локација која сега е призната како најстари остатоци од бродолом во светот. - Ова е извор на гордост за нас. Како што рече нашиот претседател, Турција е една од водечките земји во светот во областа на подводната археологија. Според нас, таа е меѓу првите две или три земји, - рече Ониз. Истакнувајќи го успехот на подводните ископувања, Ониз рече дека откритието во близина на Кекова добило официјално признание оваа недела. - Бродот што го откривме во регионот Кекова оваа недела влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најстар бродолом во светот“, што е официјално објавено - рече тој. Овој брод беше само еден од нивните проекти. - Го откривме во близина на Кекова во 2024 година, но кога првпат го пронајдовме, мислевме дека е од отоманскиот период - забележа Ониз. Тој рече дека истражувачите првично верувале дека бродот е стар помеѓу 100 и 400 години, додека тие главно се фокусирале на бродови стари помеѓу 2.000 и 2.500 години. Сепак, подеталната анализа на предметите извадени од бродот, кој се наоѓа на длабочина од 35 до 40 метри, како и научните истражувања, открија дека е значително постар. - Бродот во близина на Кекова е стар 4.700 години. Станува збор за остатоци стари речиси 5.000 години. Некои од пронајдените предмети личеа на понови артефакти со кои не бевме запознаени. Сепак, за време на нашето истражување на литературата минатата година, пронајдовме слични амфори во Египет - рече тој. Според него, кога се вратиле на локацијата и спровеле дополнителни истражувања, сфатиле дека станува збор за брод од раното бронзено време. - Предметите што ги откривме, претежно амфори, моментално се во процес на конзервација и анализа, како во нашата регионална лабораторија, така и во лабораторијата за подводна археологија на Универзитетот Акдениз во Кемер - рече тој. View this post on Instagram A post shared by arkeolojihaber®️ (@arkeolojihaber) Ониз додаде дека артефактите пронајдени од бродот ќе бидат изложени во наредните месеци во новоизградениот музеј „Четири мориња, еден музеј“ во Истанбул, а некои од предметите ќе бидат изложени и во Медитеранскиот музеј за подводна археологија во Кемер (Анталија), чија изградба е при крај.Тагови: брод Гинисовата книга на рекорди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook