Димитриевска – Кочоска: Можни се измени во законот за царинските стапки - Канал 5

Димитриевска – Кочоска: Можни се измени во законот за царинските стапки

-Можни се измени во законот за царинските стапки и може да се оди во намалување на истите.

Димитриевска – Кочоска: Можни се измени во законот за царинските стапки

Македонското МНР е во постојана комуникација со САД – вели министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.

Очекува во најскоро време да има разрешница за царините и дека се разгледува опцијата за потпишување на договор за слободна трговија, а откако би се случило тоа, Македонија ќе има можност да ги ревидира царинските стапки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер