Димитриеска Кочовска го презентираше ребалансот на буџетот - Канал 5

Димитриеска Кочовска го презентираше ребалансот на буџетот

Министерството за финансии го скори ребаналсот на буџетот. Повеќе пари се предвидени за општините, повисоки плати, пензии, здравството, но предвидени се  и повеќе средства за субвенции. 

Димитриеска Кочовска го презентираше ребалансот на буџетот

Во своето образложение на ребалансот, кој денеска го мина владиниот филтер, Кочоска посочи дека и вкупните приходи и расходи, со ребалансот се зголемуваат за по речиси 1 %. Вели вака проектираниот ребаланс ќе овозможи продолжување на фискланата консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување развој. Дополнително според министерката ниту годинава, ниту следната нема да има прокетирање за инфраструктуни проекти за железница, се очекува вели привите повлекувања на средства, за брзата пруга од Табановце до Гевгелија, да бидат во 2027 година.

-Инвестициите остануваат приоритет на Владата и тоа го следи овој Предлог-ребалансот на Буџетот, а целта е да ја поттикнеме економската активности и да го оствариме проектираниот раст. Оттука, со Ребаласнот не се ревидира стапката на раст и таа останува на 3,7 проценти, како што беше проектирана и со Буџетот за 2025 година. Остварувањата во првиот квартал и регистрираниот раст на БДП од 3,2 проценти прилагоден согласно сезонските и календарските податоци, е јасен сигнал дека проекцијата е остварлива и реална, рече Димитриеска-Кочоска.

Растот на економијата останува на проектираното - 3,7 %. Кочоска вели очекува во следниот период стабилизација на инфалцијата, која во ребалансот е благо зголемена, и е прокетирана на 2,8%. Се прават напори, вели, да се зголеми домашното производство, а доколку има зголемување на цените на прехранбените прозиводи во следниот период надлежните ќе интервенираат.

Буџетскиот дефицит останува непроменет од планираното односно 4 % од БДП, а како што рече Кочоска е понизок од остварениот дефицит минатата година. На среден рок планот на Владата, како што рече е да имаме макроекономска стабилност, со повисок економски раст и подобар живот за граѓаните. А јавниот долг до крајот на годината според министерката би изнесувал 62,1 %.

Измените и дополнувањата на Буџетот сега треба да бидат испратени на усвојување во Законодавниот дом.

YouTube video

Кузеака: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата и насилниците

Вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говоревме со месеци. 

Кузеака: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата и насилниците

Ова е длабоко криминализирана и авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот и заплаши оние кои сакаат да го откријат.

Со доаѓањето на ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта.

Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Порака дека ќе биде нападнат, натепан и замолчен.

Криминалците се длабоко инфилтрирани во институциите, тие го водат системот. Тоа го гледаме од првиот ден. Обезбедувачите на премиерот се главни тепачи, попречуваат акции за дрога, издаваат државни тајни на нарко кланови. Се случија преку 25 обиди за убиства и убиства за една година, се пука на секој чекор а Тошковски во интервјуа безочно лаже дека се намалил криминалот.

Вчера загина лице во Батинци во престрелка како на Див Запад. Како Тошковски може да тврди дека безбедноста е подобрена, кога имаме убиство на армиски службеник од лице со потерница? Како се случува лице со активна потерница да се движи слободно и извршува убиство?Но овој последен настан, кога веќе директно криминалците напаѓаат а полицијата немо гледа и ги штити, е веќе доказ дека државата е управувана од овие луѓе.

Градоначалничката на Скопје со месеци открива криминал. Ова ја поткопуваше удобноста на мрежите што власта ги одржува во Чаир и во цело Скопје. На крајот ова заврши со физички напад дозволен од полицијата. Почитувани граѓани,

Вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. Ова е порака дека секој кој ќе им ги орткрие кримииналите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта.

Таквата држава не е држава. Тоа е тиранија. Полицијата е глува, правдата е парализирана, а законот служи за заштита на насилниците, а не на граѓаните.

Почитувани граѓани,

За една година под ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин се чувствува помалку сигурен во сопствената дражава, во сопствениот дом и маало. Крајно време е Панче Тошковски да си поднесе неотповиклива оставка. Насилството и криминалот царуваат, а тој немо стои и ги брани партиските бизнис интереси. Од надежен министер за една години стана извршител на мафијата и заштитник на криминалот. Мора да си оди веднаш.

YouTube video

Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМ

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

Имено, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДС.

На повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.

Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор.

Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор.

И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата.

Повикуваме на одговорен пристап на СДС, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема.

Една година потоа, државата има функционални авиони, пилоти, и приспособени воени и полициски возила за гаснење на пожари.

Народот ја гледа разликата.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер