ДИК уверува дека се е подготвено за фер и демократски избори, штабовите на кандидатите ветуваат фер битка

Со заедничка фотографија, шефовите на избирачките штабови на кандидатите за претседател се обврзаа на фер и демократски избори во недела.

Сите страни се согласни дека изборниот процес е од клучно значење за државата и нејзините евроатлански аспирации. Ги повикаа граѓаните во што поголем број да го искористат своето избирачко право.

Со порака за мирен изборен процес и првиот човек на МВР Оливер Спасовски. Министерството порача тој е подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера во која граѓаните ќе можат да го искористат своето уставно загарантирано право.

Со слична порака се огласија и од канцеларијата на народниот правобранител. Од таму информираа дека во недела ќе функционира телефонска линија на која граѓаните ќе можат да информираат за повреди на избирачкото право. Од таму посочија и дека дополнително ќе бидат отворени и седум канцеларии во кои граѓаните лично ќе можат да пријават повреди поврзани со изборниот процес.

Вечерва на полноќ започнува изборниот молк, а во текот на утрешниот ден право на глас имаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

притисни ентер