Дијаманстски маски , шарени болиди , авиони – децата на најбогатите продолжуваат да се расфрлаат со пари (ФОТО) - Канал 5

Дијаманстски маски , шарени болиди , авиони – децата на најбогатите продолжуваат да се расфрлаат со пари (ФОТО)

Богатите деца од Инстаграм по олабавувањето на карантинските мерки го направија токму она што го знаат најдобро: трошење на парите на родителите и фалење на Инстаграм.

Дијаманстски маски , шарени болиди , авиони – децата на најбогатите продолжуваат да се расфрлаат со пари (ФОТО)

Иако мерките ширум светот штотуку започнаа да се олеснуваат, според нивните фотографии, освен неколку дијамантски маски, не би се рекло дека слушнале за пандемијата.

Некои побрзаа да купуваат по карантинот, некои едвај чекаа да скокаат во нивните приватни авиони и да ја прослават својата слобода на некоја егзотична дестинација, а некои беа задоволни да се сликаат со брутално скапи автомобили.

#неболейте🙏🏻

A post shared by dimavika (@dimavika) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. 

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и испорачани вкупно 1.110 пакети вода, односно 10 тони питка вода.

Донацијата беше спроведена во две клучни фази, со цел да се опфатат сите категории на граѓани на кои оваа поддршка им беше неопходна:

5 тони вода беа распределени директно во филијалите на Flex Credit во Гостивар, наменети за секојдневните потреби на вработените, нивните семејства, клиентите како и сите минувачи на кои им беше потребно освежување во текот на денот.

Останатите 5 тони вода беа насочени директно кон жителите на Гостивар и беа распределени преку посебно поставени пунктови на неколку фреквентни локации низ градот, овозможувајќи брза и брзо достапна поддршка за сите граѓани.

Оваа активност е дел континуираното вложување на Flex Credit во заедницата и безрезервна поддршка онаму каде што е најпотребно.

„Грижата за заедницата не е кампања, туку наша секојдневна обврска. Кога постои потреба од конкретна поддршка на терен, наша должност како општествено одговорна компанија е да бидеме присутни и да помогнеме. Се надеваме дека со овие 10 тони вода успеавме барем за момент да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани во Гостивар,“ изјавија од раководството на Flex Credit.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.

Општина Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри.

Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

„Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром“, изјави градоначалникот Митески.

13.8.2026

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Германската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност.

Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“.

Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“.

„Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон.

HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе.

Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање.

Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага.

„Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер