Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
2Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
КултураДигитализирани ориенталните ракописи во НУБ „Св. Климент Охридски“Тим експерти од Турција ја зачуваа целокупната збирка на ориентални ракописи што ја поседува Националната и универзитетска бибилотека „Св. Климент Охридски“. Од средината на јуни до овој месец дигитализираа 3.544 ракописни книги и околу 1.000 листови со фрагменти или околу 900.000 страници. На реставрацијата работеа пет стручни лица и шест технички персонал кои со пет дигитални камери успеаја да го заштитат обемниот книжен материјал кој беше во депоата на НУБ. Ракописите се напишан на арапски, турски или на персиски јазик и потекнуваат од 12-ти до 20 век. Зафатот е комплексен и скап и беше спроведен во соработка со Институтот „Јунус Емре“ од Анкара и Библиотеката за ракописи „Сулејманија“ од Истанбул со парична помош од Централната банка на Турција. Се работи за меѓународен проект „Конзервација и ревитализација на културното наследство на Балканот“ во кој со турска експертска и финансиска помош се реставрираат и ориенталните ракописни збирки во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово и Албанија, со крајна цел книжниот фонд од отоманскиот период да биде достапен за јавноста. Тие ќе бидат во дигитален архив и за полесен пристап до нив ќе се подготви и каталог. Завршувањето на првата фаза од проектот денеска беше свечено одбележано во НУБ, со врачување благодарници за учесниците од Македонија во процесот на дигитализација, а во следната фаза од Турција е обезбедено тројца да заминат на четиримесечно стручно усовршување во истанбулската библиотека „Сулјеманија“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на НУБ Миле Бошески добија од Институтот „Јунус Емре“ плакети за нивната заложба за проектот. Канческа-Милевска се заблагодари за помошта од Турција зашто, како што рече, се работи за проект со цивилизациска вредност а не само од значење за двете земји. - Нашата долгогодишна соработка и пријателство ја потврдуваат и унапредуваат реализацијата на овој проект. Од огромна важност е што Владата донесе Стратегија за дигитализација на книжното културно наследство која веќе се реализира, а од која дел е изградбата на нов дел од НУБ со опрема за дигитализација на вредното книжно наследство. Многу е значајна и можноста за наши експерти да се обучуваат во Турција, што ќе биде важно за натамошно следење на процесот на дигитализација во НУБ, истакна министерката за култура. Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Бошески рече дека е постигната основната цел - да се заштити оригинално културно наследство за сегашните и за идните генерации и обезбедување пристап за научниците во светот. Раководителот на стручниот тим експерти д-р Невзат Каја истакна дека делата се светско богатство, а не наследство само на Македонија или на Турција. - Со овој проект ние го продолжуваме животот на значајни дела кои се оштетени и со нивно дигитализирање ќе спречиме нив да ги снема. Имаше неколку дела кои по 30 или по 40 години веќе не ќе можеа да се читаат, рече Каја. Проектот го поздравија и потпретседателот на Институтот „Јунус Емре“ Шереф Атеш и амбасадорот на Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер. Македонската е меѓу најбогатите ориентални збирки на Балканот, со околу 5.000 ракописи, од кои повеќето се многу стари и ретки. Тие на арапски се, главно, со религиска содржина, но има и од областа на правото, додека турските се претежно збирки поезија. Според стручните лица од Турција, во споредба со другите земји, ориенталните ракописи во Македонија се најдобро зачувани. Ракописите најпрво се попишуваа, се утврдуваа нивните автори и насловите, јазикот на кој се напишани, како и степенот на оштетеност. Подобро зачуваните веднаш се дигитализираа, а останатите претходно се ревитализираа и се заштитуваа со конзервација. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. „Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација. Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. „Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветПретседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска кризаСантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди.Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа откако властите издадоа налози за апсење за него и поранешниот претседател на Централната банка, Карлос Карваљо, под обвинение за злоупотреба на нивните позиции. Потпретседателот на Пења, Педро Алијана, положи заклетва како привремен претседател додека Парагвај не одржи избори во 2028 година. Зборувајќи пред пратениците во петокот вечерта откако го облече претседателскиот појас, Алијана вети дека ќе биде „цврст“ кон оние кои „се обидуваат да им ја одземат иднината“ на Парагвајците. Имплозијата на Уено би можела да го поткопа угледот на Парагвај како економски исклучок во регион оптоварен со долгови, висока инфлација и бавен раст.Тагови: Парагвај претседателот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook