Ди Каприо и Де Ниро потврдија дека ќе глумат заедно во филм на Мартин Скорсезе (ВИДЕО)

Роберт Ди Ниро е годинашниот добитник за животно признание од Американското здружение на филмски актери, и беше  претставен од Леонардо Ди Каприо, кој последен пат глумеше со Де Ниро во 1993 година во филмот „Животот на ова момче“.

Во својот говор, Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, кој ни ги даде култни достигнувања, како што се ,,Такси возачот” и ,,Разбеснетиот бик” во текот на изминатиот половина век, додека неговото последно дело е овогодинешниот номиниран за Оскар за најдобра слика, ,,Ирецот” .

"Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што ги нарекувам мои соработници. Боб уште од снимањето на момчето Марти од ,,Бандите на Њујорк”. Вистинска чест е повторно да ја имам можноста по 30 години да глумам заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе, ,,Убијци на цветната месечина” , објави Ди Каприо.

Следното достигнување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Гран „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осаж и раѓањето на ФБИ“, пренесува УНИЛАД.

Филмот се одвива во 1920-тите и ја раскажува приказната за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогати луѓе на светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

Нафтената грозница во текот на првата четвртина од 20 век предизвика масакр на припадниците на племето Осаж, што доведе до еден од првите случаи на ФБИ.

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што ќе го направи со Скорсезе, првиот по ,,Волкот од Вол Стрит” во 2013 година.

Затворен Босфорскиот теснец, се насука товарен брод од Украина

 Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.

„Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат“, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

Фото: Дебитираше новиот спортски кабриолет „Mercedes“ со 442 „коњи“

„Mercedes“ го претстави „AMG CLE53 Cabrio“.

Станува збор за кабриолет со средна големина со четири седишта и шестцилиндричен бензински мотор поддржан од „лесен“ хибрид од 48 волти.

Моторот инаку е ажурирана верзија на 3.0-литарскиот шестцилиндричен мотор од моделот „CLE 450“.

Вкупната моќност на погонскиот систем е 442 КС, а максималниот вртежен момент е 560 Nm (600 Nm во кратки интервали).

„Благиот“ хибриден систем може да додаде 22 КС и 200 Nm вртежен момент на погонот, но тие му помагаат на моторот само при мали брзини.

Во комбинација со „AMG“ деветстепен менувач и погон на четири тркала, „CLE53 Cabrio“ може да забрза од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди (или 4,2 секунди со опционалниот пакет „Dynamic Plus“).

Максималната брзина е 250 km/h (280 km/h со гореспоменатиот пакет).

Исто како и „Mercedes-AMG CLE53 Coupe“, „Cabriolet“ се одликува со сопствена каросерија која нуди значително поширока патека на тркалата.

Разликата е 58 mm напред и 75 mm назад, а тркалата се стандардни со дијаметар од 19 инчи, додека како опција се достапни 20-ки.

Зголемени се и сопирачките на дискови од 370 mm на предната оска и 360 mm на задната оска.

Елементите специфични за кабриолетот го вклучуваат паметниот систем „AirScarf“ на „Mercedes“ интегриран во предните седишта, додека самиот покрив е акустички слоевита ткаенина што може да се подига и спушта при брзина до 48 km/h.

Волуменот на багажникот зависи од тоа дали механизмот на покривот е складиран, при што стандардниот багажник од 385 литри е намален на 295 литри.

Извор: Б92

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

притисни ентер